• Latest

Светот му честиташе на Трамп

November 6, 2024
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ ИЗБОРИ ВО САД

Светот му честиташе на Трамп

November 6, 2024 11:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ ВО САД, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери денеска му честитаа на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп по повод победата на претседателските избори во САД.

Меѓупрвите честитки пристигнаа од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој отворено го поддржа обидот на поранешниот претседател Трамп да се врати во Белата куќа.

Лидерот на екстремно десничарската холандска Партија на слободата, Герт Вилдер, како и крајнодесничарските израелски министри Итамар Бен-Гвир и Бецалел Смотрич ја поздравија победата на Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, му честиташе на Трамп, нагласувајќи дека очекува можност за лично да му честита на претседателот Трамп и да разговара за начините за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Украина и САД.

Европските лидери не изостанаа во честитките на победата на Трамп.

Британскиот премиер Кир Стармер во својата честитка истакна дека односите меѓу Велика Британија и САД ќе продолжат успешно да се развиваат, истакнувајќи дека „со нетрпение очекува соработка со Трамп во наредните години“.

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, во својата честитка напиша дека Италија и САД се „сестрински земји“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен му посака „топли честитки“ на Трамп. „ЕУ и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со партнерството на нашите народи, кои сочинуваат 800 милиони граѓани. Ајде да работиме заедно на силна трансатлантска агенда која ќе работи за нив“, напиша таа на мрежата Икс. Честитки пристигнаа и од Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

На Трамп му честиташе и австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој рече дека САД се важен стратешки партнер на Австрија.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека Трамп кога ќе ја преземе функцијата, ќе биде пречекан од „посилна, поширока и поуникатна Алијанса“.

„Неговото лидерство ќе биде клучно за зајакнување на Алијансата. Со нетрпение очекувам повторно да соработувам со него за да го промовираме мирот преку силата на НАТО“, рече Руте.

„Историската победа“ ја честитаа и премиерите на Романија и Полска, Марсел Чолаку и Петр Фијала.

Преемиерот Христијан Мицкоски беше меѓупрвите на Балканот му честиташе на Трамп за победата велејќи дека „оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата“. Честитки упатија и претседателката на Северна Макеоднија, Гордана Сиљановска Давкова, лидерот на  СДСМ, Венко Филипче, ДУИ и ВЛЕН.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ја поздрави победата на Доналд Трамп и ја потврди подготвеноста на земјата да соработува со САД за справување со глобалните предизвици.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му честиташе на републиканецот Доналд Трамп за убедливата победа, како и претседателската на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ,  лидерот на бугарската победничка партија на последните избори ГЕРБ, Бојко Борисов изрази подготвеност „повторно заеднички да работат“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му порача на Трамп дека Грција со нетрпение очекува натамошно продлабочување на стратегиското партнерство меѓу двете земји и заедничка работа на важните регионални и глобални прашања.

Албанскиот премиер Еди Рама покрај честитките на Трамп истакна дека му претставувало чест да соработува со 46-от претседател на САД,  Џо Бајден.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на својот „пријател“ Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД, по, како што рече, „големата битка“.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ