• Latest

Светот околу нас – визии за иднината на критиката во регионот

December 14, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светот околу нас – визии за иднината на критиката во регионот

December 14, 2019 08:45
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 15. 12. 2019 година (недела), од 13.00 до 14.30 часот, во рамки на фестивалот КРИК, ќе се одржи отворена јавна средба/разговор во рамки на која ќе се покренат прашања за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.

И покрај хиперпродукцијата на дела во сите медиуми и жанрови во современите уметнички и културни практики, тие се несомнено во криза, особено во регионот, а посебно во Македонија, токму заради отсуството на критичката рефлексија. Причините за тоа се повеќекратни. Но, повеќе од јасно е дека вреднувањето, поставувањето и артикулирањето на уметничката и културната продукција, ја засега нејзината иднина. Отсуството на медиуми кои не се само сервис на содржини туку вистински креатори на критичко јавно мислење, но и процесите кои се поврзани со културните политики и образовните рамки, како и со генералното отсуство на критичка култура која ќе создава развојни вредносни системи низ кои ќе се артикулираат и развиваат современите уметнички практики се само едни од причините за криза на критиката.

Во рамки на сега веќе тригодишната регионална платформа за развој на критиката во современите општествени практики, Светот околу нас, која е резултат на партнерската соработка помеѓу Контрапункт од Скопје, Курзив – платформа за култура, медиуми и општество ((Kulturpunkt.hr) од Загреб, и Здружението за промоција на културата – Kulturtreger (Booksa.hr), како и SEEcult.org, од Белград и SCCA – Љубљана, релизирани се низа програми со цел јакнење на критиката во регионот, обезбедување на нејзина видливост и покренување дијалог за трансформативните процеси низ кои критиката минува во регионалниот општествен и културно политички контекст.

Организирани се бројни едукациски програми, јавни настани, критички колоквиуми во рамки на кои се среќаваат и разговараат критичарите од регионот. Особено важен дел од овој проект е акцентот врз издавачката дејност – објавување на критички појмовник во кој угледни критичари и критичарки тематизираат низа прашања важни за специфичното подрачје на критичарските практики.

Во рамки на оваа средба, низ јавен разговор, во кој ќе учествуваат сите присутни, а кој ќе биде воведен и модериран од Лујо Парежанин, координатор на иницијативата, и Хана Сировица, критичарка во VoxFemina, ќе земат учество многумина клучни актери на нашата

сцена кои се застапуваат за враќање и развивање на критичките практики, но секако овој јавен дијалог е отворен за секој кој е заинтересиран. Целта е да се обидеме да ги разгледаме состојбите на критиката во регионот, контекстот и можностите за развој на регионална платформа за критика во актуелните рамки на културни политики.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ