• Latest

Светски медиуми во испомош на пропагандната агенда на Путин

June 27, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ЦИТАТИ

Светски медиуми во испомош на пропагандната агенда на Путин

June 27, 2022 19:04
in ВЕСТИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не е првпат да се шпекулира околу здравствената состојба на Путин, но тоа не е многу различно и од шпекулациите на поголем број светски лидери. Така, за Путин често се појавуваат написи дека е болен, се нижат листи на болести од кои е болен, па се шпекулира уште колку живот му останува… Слични написи има и за американскиот претседател Бајден, како и за други политичари и светски познати личности, во минатото и сега.

Во овој случај има и неколку други елементи од кои посебно „профитира“ токму пропагандата на Кремљ. Веста му помогна на Путин да добие место во неброено многу медиуми во ист ден, на тема што нема врска со трагичните последици од руската брутална агресија во Украина. Значи, намерно или не, оваа вест помогна да се одвлече вниманието од главната тема во светот, а сепак рускиот диктатор да остане во фокусот на вниманието.

Како се трансформира оваа вест? Во првите написи во сензационалистичкиот британски печат се посочува можноста тој да е болен, но и тоа дека во случај Путин навистина да умре, руската власт е толку тајновита, што неговата смрт ќе биде строго чувана тајна „со денови, ако не и со недели“. Во ниеден момент не се тврди дека тој е мртов. Но социјалните мрежи и дел од медиумите, едноставно, ја трансформираа информацијата во дезинформација: британската разузнавачка служба тврди дека Путин е мртов.

Веста ја коментираше и првиот руски дипломат, Сергеј Лавров. Тој, во интервју за француската ТВ Ф1 на 29 мај, изјави:

„Не мислам дека разумните луѓе можат да видат кај оваа личност знаци на некаква болест или болест. Можете да го видите на екраните, да го читате и да ги слушате неговите говори. Оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да проценат како изгледа некој“ – изјави Лавров.

Огромниот простор што ТВ Ф1 му го отстапи на Лавров, во кое тој ги повтори сите руски наративи со дезинформации за бруталната агресија, веднаш се најде и на официјалната веб страница на руското министерство за надворешни работи. Ете, уште една можност за ширење на лажните наративи на Кремљ за агресијата врз соседна Украина.

И така, втор ден по ред, Путин беше во фокусот на светското внимание, на сосема различна тема од крвавата војна што ја води против Украина, овојпат како „воскреснат“ – „Путин е жив!“ Тоа беше прилика и за дел од посериозните медиуми да се занимаваат со „здравјето“ на Путин, па да установат дека Путин не е мртов, туку е жив. На тој начин, тие повторно се оддалечија од темата, а особено од фактот дека се работи за информација во чие средиште е токму тајновитоста на режимот во Кремљ.

Доаѓаме до главнината на „профитот“ од оваа сторија, а тоа е понатамошна дискредитација на западните институции и медиумите.

Веста за можноста Путин да е болен и дека во случај на негова смрт тоа би било строго чувана тајна, во македонскиот медиумски простор навлезе со „малку“ поинакви наслови: „Путин е мртов, велат британски разузнавачки служби“, „Путин е веќе мртов и го менува двојник“, „Дејли Стар“: Путин е мртов, ова е неговиот двојник“ – се само дел од насловите. Истиот ден, малку подоцна, се пренесува изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров дека тој не е мртов и дека се шират дезинформации.

Daily Star, 28/5/2022

Уште веднаш треба да се забележи дека професионалните медиуми, како во Британија, така и во светот и во Северна Македонија, не ѝ придаде посебно значење на веста објавена во Дејли Стар. Голем дел од нив не ја пренесоа. Но веста и коментарите дека се работи за шпекулации и дезинформации што ги шират британските разузнавачки служби (МИ6) и западните медиуми ги преплави социјалните мрежи. Во Северна Македонија не остана медиум што не се занимаваше со оваа тема цели два дена. Путин делумно „оживеа“ во светски рамки, а целосно во балканските медиумски простори…


Извадок од анализата „Како вестите се трансформираат во дезинформации и пропаганда? Случај: Путин e мртов – Путин е жив“, од Биљана Јордановска и Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, објавено на 4 јуни, 2022 година на ЦИВИЛ Медиа. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ