• Latest

Како вестите се трансформираат во дезинформации и пропаганда? Случај: Путин e мртов – Путин е жив

June 4, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Како вестите се трансформираат во дезинформации и пропаганда? Случај: Путин e мртов – Путин е жив

June 4, 2022 12:10
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Путин е мртов! – одекна како вест на денот во светот, на 28 мај. Наводно, информацијата доаѓа од неофицијални извори во британските разузнавачки служби. Веројатно, веста прва ја објави DailyStar, а веднаш потоа следеа лавина други од големата групација „булеварски“ медиуми како лондонски Мирор.

„Високи шефови во МИ6 велат дека рускиот претседател бил сериозно болен и дека, ако умре, неговите блиски тоа ќе го премочат за да ја задржат власта што е можно подолго.

Извор изјави за Дејли Стар Сандеј дека неодамнешните медиумски настапи на Путин најверојатно биле однапред снимени.

Веројатно се користи двојник и на јавните настани, како што е Парадата за Денот на победата во Москва претходно овој месец.

Еден разузнавачки извор рече: „Путин е многу болен и кога ќе умре неговата смрт ќе се чува во тајност со недели, ако не и со месеци.“

Daily Star, 28/5/2022

Така гласи екслузивната вест на Делји Стар со сензационалистички наслов: Владимир Путин може да е мртов, а двојник би го заземал неговото место, тврдат шефовите на МИ6. Оваа вест понатаму ја презема Дејли Мирор со речиси истиот наслов.

Mirror, 28/5/2022

На ваквата „ексклузивна“ информација не ѝ требаше многу да се прошири на насловниците на, претежно, сензационалистичкиот печат низ целиот свет. Оваа вест навлезе во македонскиот медиумски простор најпрво на десничарските пропагандистички портали. За тоа во каква форма и содржина, малку подолу.

Инаку, не е првпат да се шпекулира околу здравствената состојба на Путин, но тоа не е многу различно и од шпекулациите на поголем број светски лидери. Така, за Путин често се појавуваат написи дека е болен, се нижат листи на болести од кои е болен, па се шпекулира уште колку живот му останува… Слични написи има и за американскиот претседател Бајден, како и за други политичари и светски познати личности, во минатото и сега.

Во овој случај има и неколку други елементи од кои посебно „профитира“ токму пропагандата на Кремљ. Веста му помогна на Путин да добие место во неброено многу медиуми во ист ден, на тема што нема врска со трагичните последици од руската брутална агресија во Украина. Значи, намерно или не, оваа вест помогна да се одвлече вниманието од главната тема во светот, а сепак рускиот диктатор да остане во фокусот на вниманието.

Како се трансформира оваа вест? Во првите написи во сензационалистичкиот британски печат се посочува можноста тој да е болен, но и тоа дека во случај Путин навистина да умре, руската власт е толку тајновита, што неговата смрт ќе биде строго чувана тајна „со денови, ако не и со недели“. Во ниеден момент не се тврди дека тој е мртов. Но социјалните мрежи и дел од медиумите, едноставно, ја трансформираа информацијата во дезинформација: британската разузнавачка служба тврди дека Путин е мртов.

Веста ја коментираше и првиот руски дипломат, Сергеј Лавров. Тој, во интервју за француската ТВ Ф1 на 29 мај, изјави:

„Не мислам дека разумните луѓе можат да видат кај оваа личност знаци на некаква болест или болест. Можете да го видите на екраните, да го читате и да ги слушате неговите говори. Оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да проценат како изгледа некој“ – изјави Лавров.

Огромниот простор што ТВ Ф1 му го отстапи на Лавров, во кое тој ги повтори сите руски наративи со дезинформации за бруталната агресија, веднаш се најде и на официјалната веб страница на руското министерство за надворешни работи. Ете, уште една можност за ширење на лажните наративи на Кремљ за агресијата врз соседна Украина.

И така, втор ден по ред, Путин беше во фокусот на светското внимание, на сосема различна тема од крвавата војна што ја води против Украина, овојпат како „воскреснат“ – „Путин е жив!“ Тоа беше прилика и за дел од посериозните медиуми да се занимаваат со „здравјето“ на Путин, па да установат дека Путин не е мртов, туку е жив. На тој начин, тие повторно се оддалечија од темата, а особено од фактот дека се работи за информација во чие средиште е токму тајновитоста на режимот во Кремљ.

Доаѓаме до главнината на „профитот“ од оваа сторија, а тоа е понатамошна дискредитација на западните институции и медиумите.

Веста за можноста Путин да е болен и дека во случај на негова смрт тоа би било строго чувана тајна, во македонскиот медиумски простор навлезе со „малку“ поинакви наслови: „Путин е мртов, велат британски разузнавачки служби“, „Путин е веќе мртов и го менува двојник“, „Дејли Стар“: Путин е мртов, ова е неговиот двојник“ – се само дел од насловите. Истиот ден, малку подоцна, се пренесува изјавата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров дека тој не е мртов и дека се шират дезинформации.

Time.mk, 29/5/2022

Уште веднаш треба да се забележи дека професионалните медиуми, како во Британија, така и во светот и во Северна Македонија, не ѝ придаде посебно значење на веста објавена во Дејли Стар. Голем дел од нив не ја пренесоа. Но веста и коментарите дека се работи за шпекулации и дезинформации што ги шират британските разузнавачки служби (МИ6) и западните медиуми ги преплави социјалните мрежи. Во Северна Македонија не остана медиум што не се занимаваше со оваа тема цели два дена. Путин делумно „оживеа“ во светски рамки, а целосно во балканските медиумски простори.

Целта е постигната, пропагандната машинерија приреди одлична „забава.“ Локално, социјалните медиуми одлично послужија за водење дискусии, дискредитирање на „западот“ и ситење за страдањата на цивилите во Украина.

Една од целите на оваа пропагандна акција е да се дискредитира британската разузнавачка служба МИ6 која, инаку, често се појавува со исклучително добри анализи на состојбата на теренот во Украина. Со вакви скандализирања и манипулација со информациите, се остава простор, следната анализа или изјава од МИ6 или други релевантни институции или организации од Западот да се нападнат со говор на омраза, негирање и дискредитација. Во такви случаи, пропагандните пораки одат во смисла: „Нели ова се истите што зборуваа дека Путин е мртов, а сега информираат за сериозни состојби од фронтот во Украина, како да им веруваме?“

Биљана Јордановска
во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ