• Latest

СВР Битола поведе истрага, а Министерството најави законски измени

July 19, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СВР Битола поведе истрага, а Министерството најави законски измени

July 19, 2017 17:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата поведе истрага за инцидентот во којшто е тешко повреден, командирот на битолската Шумска полиција, Лазар Јошевски, денеска околу 10.30 часот, во атарот на селото Изибиште. Настанот се случил при редовна контрола на шумските полицајци на терен. При обид да контролираат трактор со приколка натоварен во дрва, еден од двајцата дрвокрадци ја откачил приколката од тракторот, а таа поминала преку нозете на командирот.

„Командирот на Шумската полиција го стигнал тракторот, успеал да се качи на него и на возачот му наредил да застане. Возачот се оглушил, извадил нож и замавнал кон командирот. Тој скокнал од тракторот и паднал на земја, возачот на тракторот ја отпуштил приколката и го напуштил местото на настанот. Приколката поминала врз долните екстремитети на командирот, при што тој се здобил со скршеница на ногата“, соопштуваат од СВР Битола.

Јошевски е итно пренесен во битолската болница, хоспитализиран во Ортопедското одделение и задржан на на лекување.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за ЦИВИЛ Медиа, најавија дека во иднина ќе се преземат сите потребни мерки за да се спречат вакви инциденти.

„Ако е потребно ќе се интервенира и во законот, за да им се овозможи на шумските полицајци сами да може да поднесат кривична пријава во ОЈО, за случаи во кои тие како овластени лица се спречени да ја извршуваат службената должност. Но, и за да не бидат во иднина жртви на вакви инциденти, коишто беа чести изминативе години“, истакнуваат од Министерството.

Условите во кои што работат припадниците на Шумска полиција во Македонија се на исклучително ниско ниво, според сознанијата што Полицискиот синдикат ги сподели со ЦИВИЛ во изминатиот период.

ЦИВИЛ го осудува насилството, како и кражбата на националното богатство на земјата.

Моника Талеска

Tags: дрвокрадциинцидентЛазар ЈошевскиМЗШВповреден командирприколкаСВР БитолатракторЦивилШумска полиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ