• Latest

Светски Ден на борба против СИДА

December 1, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски Ден на борба против СИДА

December 1, 2017 09:44
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, Први декември се одбележува Светскиот ден на борба против СИДА-та, како можност луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетат на оние кои починале од таа болест.

Светскиот ден на борба против СИДА првпат е одбележан во 1998 година и е првиот глобален ден на здравјето. Денес науката многу напредуваше во терапијата на ХИВ и постојат закони кои ги штитат лицата кои живеат со ХИВ. Но и покрај тоа, луѓето главно не знаат како да се заштитат себе си и другите од ХИВ, а стигмата и дискриминацијата на лицата заболени од оваа болест се уште постои.

СДветскиот ден на борба против СИДА е важен за да ја потсети јавноста и владите ширум светот дека ХИВ не исчезна и оти и натаму постои витална потреба да се соберат средства, да се крене свеста, да се победат предрасудите и да се подобри едукацијата.

Секои 17 секунди во светот некој може да биде заразен со вирусот ХИВ, а од сида од почетокот на епидемијата досега животот го загубиле 35 милиони луѓе, соопшти денеска агенцијата на ОН за борба со СИДА – УНАИДС, по повод 1 декември, Светски ден на борбата против таа болест.

Околу 1,8 милиони луѓе се заразени во 2016 година и таа цифра претставува нови ширење на инфенцијата од која може да се заразат речиси 5.000 луѓе дневно.

Според податоците на глобално ниво од ХИВ заразени се 36,7 милиони луѓе. Од таа бројка, 34,5 милиони се возрасни луѓе, а 2,1 милиони лица помлади од 15 години.

Статистиката од минатата година покажува дека зголемен е бројот на заразени женски лица на возраст од 15 до 24 години во однос на мажите на таа возраст.

Во однос на 2010 година, кога тој број изнесуваше 300.000, во минатата година е намален бројот на заболени малолетници за 47 отсто, пренесува Анадолија.

Зголемен е процентот на пристап до антиретровирусните лекови на бремените жени кои живеат со ХИВ. Лековите се користат со цел да се спечи пренесување на овој вирус на уште неродените бебиња.

Меѓутоа, во 2016 година намален е бројот на починати од заразниот вирус ХИВ, кој ја предизвикува сидата.

Во 2005 година бројот на починати изнесуваше 1,9 милиони, додека во 2016 година е намален на еден милион.

Меѓу оние кои ја изгубиле битката за живот се 890.000 возрасни и 120.000 малолетници под 15 години.

Според извештајот на УНАИДС, 19,4 милиони лица во Источна и Јужна Африка се носители на ХИВ.

Во минатата година, со ХИВ 790.000 лица се заразени во Источна и Јужна Африка.

СЗО наведува дека голем број лица не се свесни дека се заразени со ХИВ.

Дури 40 отсто од 14 милиони немаат никакви информации дека се заразени со овој вирус.

Во светето денес речиси 21 милион луѓе живеат со ХИВ и добиваат соодветен третман, а бројката на смртни случаи е намалена во многу делови од светот.

Сепак, во Источна Европа и Централна Азија се забележува раст на нови ХИВ инфекции од речиси 60 отсто во однос на 2010 година, а бројот на смртни случаи од СИДА истовреме е во пораст за 27 отсто.

И понатаму има присутност на нерамномерен пристап на третмани за ХИВ инфицираните лица, особено во Западна и Централна Африка и понатаму е неопходно залагање за обезбедување на здравјето за сите, без оглед на местото на живеење.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Борба против СидаМакедонијаСветСИДА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ