• Latest

Светски ден на учителите: Едукација на идните носители на општествените промени

October 5, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Светски ден на учителите: Едукација на идните носители на општествените промени

October 5, 2017 12:35
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во знак на сеќавање на 5 октомври 1966 година, кога е усвоена Препораката на Меѓународната организација на трудот – МОТ  и на УНЕСКО, во врска со статусот на учителите/наставниците, во 1994 година овој ден е прогласен за Светски ден на учителите. 

Education International – EI, Меѓународен сојуз на синдикатите во областа на образованието со седиште во Брисел, придонееува за признавањето и одбележувањето на овој ден низ целиот свет.

Светскиот ден на учителите oваа година се одбележува под мотото „Учење во слобода, зајакнување на наставниците” (Teaching in Freedom, Empowering Teachers).

Учителите имаат значајна улога во детскиот развој преку нивниот придонес во образувањето и воспитувањето, преку менторирање. мотивирање и афирмација на знаењето што им го пренесуваат на децата. Но, нивната улога на педагози и воспитувачи е подеднакво важна и во улогата на пријатели на учениците и заштитници на креативниот и интелектуален развој на младите генерации.

Но, кога училиштата ќе се претворат во терен за градење политичко-партиски сојузи, каде наместо интерактивно образование се учи пропаганда и се тренираат генерации на послушници, Светскиот ден на наставниците треба да послужи и како опомена за значајната улогата на учителите за оформување на идните носители на општествените промени. И колку тој нивни труд подразбира пожртвуваност, посветеност и верност кон професијата и кон едукацијата на младите генерации.

За жал, во Македонија сѐ почесто наставниците ја злоупотребуваат својата положба. Наместо посветеност кон учениците, посветеност кон Партијата. Наместо „бегање“ на учениците од часови, наставниците отсуствуваат и ги оставаат самите да се школуваат и воспитуваат.

И додека во светот, наставниците секојдневно се соочуваат со технолошкиот напредок и лесниот пристап до информации и се во континуирана борба за зачувување на својот интегритет и на важноста на нивната работа, преку зголемена интеракција во процесот на учење, македонските наставници во голем дел се борат со политичката агитација во школските клупи, од една страна, и со секојдневна борба за системот во искоренување на партизираноста и нејзиното штетно влијание во училиштата.

И додека дел до наставниците водат и партиска кампања „од врата на врата“, и имаат партиски состаноци и други активности во  работното време, учениците, по истиот принцип и „школа“ водат инфо-штандови и делат пропаганден материјал…

ЦИВИЛ им го честита Светскиот ден на учителите на сите просветни работници, и ги поддржува учителите/наставниците во нивните заложби за подобро, покреативно, поиновативно и политички некорумпирано образование.

Tags: МакедонијаобразованиеСветски ден на наставницитеУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ