Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека младите луѓе и децата се исто така изложени на ризик да заболат и потенцијално да починат од КОВИД-19.
„Самото мислење дека ‘само постари луѓе ги погодува КОВИД-19’ е всушност погрешно“, истакна шефот на канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге, за време на онлајн брифинг.
Тој истакна дека 10% до 15% од луѓето помлади од 50 години биле умерено до сериозно заразени од вирусот. Во Европа, најмладата жртва на корона вирус беше 12-годишно девојче од Белгија. САД соопштија за смртта на бебе старо шест недели кое се заразило со корона вирус.
„Возраста не претставува единствениот ризик за сериозно заболување“, нагласи Клуге.
За да се намали ризикот од заразување или ширење на вирусот, СЗО ги повикува младите и повозрасните да го ограничат своето изложување, редовно да ги мијат рацете со сапун и вода и да држат најмалку едно метро растојание од некој што кашла или кива. Исто така, ги повикуваат младите луѓе да избегнуваат да ги посетуваат постарите роднини, со цел да се минимизира ризикот од ширење на вирусот.