• Latest

„Таа сè уште лежи во својот кревет“: Фотографии од тоа како руската агресија ги преврте наопаку животите на постарите Украинци

May 6, 2022
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Таа сè уште лежи во својот кревет“: Фотографии од тоа како руската агресија ги преврте наопаку животите на постарите Украинци

May 6, 2022 15:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Украинското Јавно обвинителство, најмалку 221 дете се убиени, а 408 се повредени за време на сеопфатната војна на Русија против Украина. Овие статистики се ажурираат редовно. Но, податоците за тоа како војната во Русија влијаела врз постарите луѓе во Украина не се појавуваат во дневните извештаи на властите. “Медуза“ презентира фотографии кои ги раскажуваат приказните за старите лица во Украина – вклучувајќи ги и оние кои сè уште чекаат евакуација и оние кои не се во можност или не сакаат да ги напуштат своите домови, и покрај заканата од бомбардирање и гранатирање. Оваа фото-репортажа го вклучува и текстот на писмото од Викторија – читателка од регионот Луганск, која и напишала на “Медуза“  за нејзините баба и дедо, објави Медуза.ио.

92-годишна жена во засолниште во бункер чека Украинскиот Црвен крст да ја евакуира. Севиеродонецк, источна Украина. 22 април 2022 година.

Еден постар човек кој живее сам во Харкив ги одбележува деновите на вратата од неговиот стан, така што неговите соседи знаат дека тој сè уште е жив. А 3-ти мај 2022 година?

Игор (67) ја прегрнува својата мачка додека на новинарите им го покажува својот дом во Житомир, кој беше уништен од руското бомбардирање. 20 март 2022 година.

Валентин Василенко (83) беше единствениот жител на Тетеривске, село недалеку од Киев. Откако руските трупи го нападнаа, украинските сили го евакуираа Валентин и доброволците му најдоа нов дом. 31 март 2022 година.

Лидија Межирицкаја во нејзиниот дом, кој беше оштетен во експлозија. Харков, 8 април 2022 година.

Зинаида Макишаева (82) ја преживеа руската окупација на Бородјанка во март 2022 година. Таа стои пред вратата од нејзината кујна. Според Макишаева, руските трупи напредувале кон Бородјанка во три бранови. Првиот бран беше најсуров. 13 април 2022. Зинаида Макишаева ја преживеа Втората светска војна и руската окупација во пролетта 2022 година. Таа се надева дека руската војска никогаш нема да се врати во нејзиното село. април 2022 година.

Валентина Саројан седи во подрумот на едно училиште во селото Јахидне, кое се наоѓа јужно од Чернихив. Руските сили ги држеа сите жители на Јахидне во овој подрум еден месец. 12 април 2022 година.

Жителите на Јахидне ги одбележаа деновите кога беа заробени на вратата од подрумот. Десно од вратата ги запишаа имињата на оние што загинаа во подрумот – лево ги запишаа имињата на оние што беа застрелани од руските војници. 12 април 2022 година.

Варта (81) седи во задниот дел од автомобилот со кој таа и нејзиното семејство се евакуирале  во хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје. 22 април 2022 година.

Една постара жена седи на страната на патот во близина на Харков додека чека евакуација. 2 мај 2022 година.

Таисија Тарасова (82) одлучи да остане во својот стан во Киев и се потпира на волонтери да и носат храна и лекови. Овие волонтери се грижат за старите лица кои или решиле да останат во своите домови или биле оставени од роднините. 23 март 2022 година.

Надежда Јерухимович (89) беше врзана за кревет три месеци кога Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина. Не можејќи да се евакуира, таа остана во својот стан во Киев. Михаил Јерухимович, 54-годишниот син на Надежда, исто така остана да се грижи за неа. Михаил е загрижен поради недостигот на лекови што ги зема неговата мајка, особено лекови против болки. 26 март 2022 година.

На 10 април, уредниците на “Медуза“ го добија следното писмо како одговор на повикот до читателите да ги споделат своите лични приказни:

„Моето име е Викторија, јас сум од градот Рубижне во регионот Луганск во Украина. Во 2014 година бевме принудени да го напуштиме градот поради непријателствата: моите родители ме одведоа мене, моите браќа и сестра во Русија. Останатите мои роднини и најблиски останаа во Рубижне.

Сега, речиси осум години подоцна, разбирам дека она што се случува во градот не може да се спореди со 2014 година. Мајката и сестрата на татко ми можеа да излезат од Рубижне пред неколку недели. Зборуваа за трупови на улиците; за тоа како дворовите на мојот град се претворија во мали гробишта; за мојот сосед кој исто така беше закопан во дворот; за грабеж; за [нивната] уништена зграда; за евакуација под постојано гранатирање и преминување на уништен мост на патот кон Старобилск.

Моментално, моите баби се уште се во Рубижне – Татјана, родена 1951 година и Евгенија, родена 1927 година, како и дедо ми Владимир (од страната на мајка ми), кој е роден во 1949 година. Пред два дена добивме порака за збогум во која се вели дека нивната штала гори, дека не можат да ја носат баба Жења [Евгенија] и дека не знаат дали ќе бидат спасени. Тие напишаа: „Збогум.“ Не знам дали се уште се живи или пак ќе ги видам“.

Подоцна, како одговор на нашите прашања за судбината на нејзините баба и дедо, Викторија го напиша следново:

„Баба Татјана и дедо Владимир избегаа, можеа да се евакуираат на 14 април. Баба Жења ја нема. Таа почина од глад и дехидрација. Таа сè уште лежи во куќата: во нејзината соба, во нејзиниот кревет“.

обработка на текст: Жорж Димовски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ