Според Украинското Јавно обвинителство, најмалку 221 дете се убиени, а 408 се повредени за време на сеопфатната војна на Русија против Украина. Овие статистики се ажурираат редовно. Но, податоците за тоа како војната во Русија влијаела врз постарите луѓе во Украина не се појавуваат во дневните извештаи на властите. “Медуза“ презентира фотографии кои ги раскажуваат приказните за старите лица во Украина – вклучувајќи ги и оние кои сè уште чекаат евакуација и оние кои не се во можност или не сакаат да ги напуштат своите домови, и покрај заканата од бомбардирање и гранатирање. Оваа фото-репортажа го вклучува и текстот на писмото од Викторија – читателка од регионот Луганск, која и напишала на “Медуза“ за нејзините баба и дедо, објави Медуза.ио.
92-годишна жена во засолниште во бункер чека Украинскиот Црвен крст да ја евакуира. Севиеродонецк, источна Украина. 22 април 2022 година.






















На 10 април, уредниците на “Медуза“ го добија следното писмо како одговор на повикот до читателите да ги споделат своите лични приказни:
„Моето име е Викторија, јас сум од градот Рубижне во регионот Луганск во Украина. Во 2014 година бевме принудени да го напуштиме градот поради непријателствата: моите родители ме одведоа мене, моите браќа и сестра во Русија. Останатите мои роднини и најблиски останаа во Рубижне.
Сега, речиси осум години подоцна, разбирам дека она што се случува во градот не може да се спореди со 2014 година. Мајката и сестрата на татко ми можеа да излезат од Рубижне пред неколку недели. Зборуваа за трупови на улиците; за тоа како дворовите на мојот град се претворија во мали гробишта; за мојот сосед кој исто така беше закопан во дворот; за грабеж; за [нивната] уништена зграда; за евакуација под постојано гранатирање и преминување на уништен мост на патот кон Старобилск.
Моментално, моите баби се уште се во Рубижне – Татјана, родена 1951 година и Евгенија, родена 1927 година, како и дедо ми Владимир (од страната на мајка ми), кој е роден во 1949 година. Пред два дена добивме порака за збогум во која се вели дека нивната штала гори, дека не можат да ја носат баба Жења [Евгенија] и дека не знаат дали ќе бидат спасени. Тие напишаа: „Збогум.“ Не знам дали се уште се живи или пак ќе ги видам“.
Подоцна, како одговор на нашите прашања за судбината на нејзините баба и дедо, Викторија го напиша следново:
„Баба Татјана и дедо Владимир избегаа, можеа да се евакуираат на 14 април. Баба Жења ја нема. Таа почина од глад и дехидрација. Таа сè уште лежи во куќата: во нејзината соба, во нејзиниот кревет“.
обработка на текст: Жорж Димовски













