• Latest

Тахири: Јас не сум процент!

November 29, 2018

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тахири: Јас не сум процент!

November 29, 2018 14:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Моето моминско презиме е Јумеровиќ, по некои светски стандарди или македонски или какви било, јас сум по националност Албанка. Низ целиот живот ми се провлекувало презимето Јумеровиќ и не знаеле и што сум, бидејќи презимето ми било на „иќ“. Јумеровиќ се претворило од презимето Имери, кога во времето на Српското кралство им ги менувале презимињата на „иќ“ или во Македонија ако си Албанец на „ски“ заради Бугарите, така што цело мое семејство се презивало Јумеровиќ. Дури и кога ќе ми го слушнеа името Дијана не знаеа што сум…“, изјави Дијана Тахири, од ЦИВИЛ – Центар за слобода, на панел дискусијата на тема „Губење на идентитетот, или…“, во организација на ЦИВИЛ.

Таа зборува за мешаното потекло и различните идентитети во нејзиното семејство, и дека секогаш знаела да ги брани и напаѓа тие различни идентитети.

„Секогаш сум се борела кога едниот од тие идентитети некој ми го напаѓал, секогаш има некој на кого ќе му пречи тој некој друг идентитет. Едниот од идентитетите кој си го одбранив е албанскиот идентитет. На профилната слика на фејсбук ми пишува: „Не сум само малцинство“. Јас не знам како би се чувствувале Македонците доколку Европа би била една држава и некој да ги нарекува таму „малцинство“, а вие да не се чувствувате така. Јас не се чувствувам како малцинство и не сакам некој да ме нарекува така“, додаде Тахири.

Тахири сподели една приказна за односот на нејзината ќерка кон другите националности во државата и како таа е горда што таа пораснала во таква личност.

„Еден ден дојде расплакана од училиште и вели дека едно дете од училиштето починало кога ги однеле тој ден на базен. Бидејќи беше многу малечка не можеше убаво да ми дораскаже што точно се случило. Ја прашав кое дете, дали е од нејзиното училиште, од улица дали го познава… Ми одговори дека е од нејзиното училиште, дека не учи во нејзиот клас, туку во македонските паралелки, ама не е Македонец. Таа не знаеше да каже дека детето е Ром. Слушнала дека многумина ги викаме „цигани“, меѓутоа не сакаше тоа да го изговори никако. И мене тоа многу ме израдува.“

„Албанците имаат проблем со Албанците, Македонците со Македонците. Потоа можеме да кажеме дали имаме заеднички проблем или имаме внатрешен проблем. Во Турција ме викаат Румунка, во Египет Италијанка, а во мојата држава никако не ме викаат, дури ми викаат ‘не личиш на Албанка’. Секој со својата причина зошто не сака да ми го прифати идентитетот што сум го одбрала, и многу често со злоупотреба на изборот на мојот идентитет за пополнување на некои точки како што се потребен процент на присуство во  таа и таа соба, настан, роденден или случка“, додава Тахири.

Изјавата на Тахири е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија. Ставовите на десетина експерт(к)и и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор околу името деновиве беа објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Меѓу нив се ставовите на Љубчо Георгиевски, новинарите Ѕвездан Георгиевски, и Синиша Станковиќ и Војо Маневски, на професорите д-р Мирјана Најчевска, д-р Катерина Колозова, д-р Мирјана Малеска и д-р Сашо Орданоски. и активистката Мерсиха Смаиловиќ. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатена публикација во декември.

 

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share60TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ