• Latest
Фото: миа.мк

Тајван предупредува на ризик од „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во близина на островот

March 6, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тајван предупредува на ризик од „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во близина на островот

March 6, 2023 08:33
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Тајванскиот министер за одбрана Као Куанчи денеска предупреди дека островот оваа година треба да биде подготвен за „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во областите во близина на нејзината територија поради зголемените тензии во тајванскиот теснец.

Во последниве години, Кина ја засили својата воена активност околу Тајван и речиси секојдневно има упади на нејзините воздушни сили во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на островот.

Сепак, Тајван допрва треба да пријави какви било кинески сили кои влегуваат во неговата соседна зона, која се протега на 44,2 километри од крајбрежјето. Меѓутоа, минатата година Тајван собори цивилно беспилотно летало кое навлезе во неговиот воздушен простор.

За време на парламентарната контрола, министерот Као рече дека Кинеската Народноослободителна армија може да најде изговор да влезе во области кои се блиску до територијалниот воздушен и морски простор. Ова би можело да дојде во услови на зголемена воена размена на островот со САД, што го вознемири Пекинг.

Министерот предупреди дека кинеската војска може да направи „ненадеен упад“ во соседната зона на Тајван и да се приближи до нејзиниот територијален простор.

„Ова го констатирам годинава, имајќи предвид дека се прават такви подготовки. Во иднина, тие би употребиле сила ако навистина има потреба“, рече Као Куанчи.

Тајван вети дека ќе го искористи своето право на самоодбрана и контранапад доколку кинеските вооружени сили влезат на негова територија.

Минатата година Кина спроведе воени вежби без преседан околу Тајван како одговор на посетата на островот од тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Според министерот Као, Кина се обидува да создаде проблеми под одреден изговор, додавајќи дека овој изговор може да вклучува посети на островот од високи странски претставници или чести воени контакти на Тајпеј со други земји.

Министерот истакна дека Кина секој ден испраќа десетина авиони и бродови во области блиску до Тајван, при што некои од нив ја минуваат средната линија на Тајванскиот теснец.

Tags: КинаТајван
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ