Се покажа вистинското лажно лице на ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа за Договорот со Фронтекс. Не гласаа за првиот Договор со кој македонскиот јазик официјално влегува во ЕУ. Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен кога се ратификуваше првиот Договор со ЕУ потпишан на официјален македонски јазик, без фусноти и без додавки, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната прес конференција.
ВМРО ДПМНЕ не е само против ЕУ тие се и против македонски јазик во ЕУ, нагласи Талески.
Талески потсети дека истото се случи и со гласањето за законите поврзани со Иницијативата Отворен Балкан кои обезбедуваат поголема мобилност на работната сила и слободен пазар на труд во трите земји од иницијативата.
Според Талески, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска одново докажаа дека се деструктивци кои работат спротивно на интересите на државата и граѓаните.
Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтеск на официјален македонски јазик, денеска пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор, посочи пратеникот.
Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.
Но затоа се први во пленарната сала кога бараат амнестија за осудени криминалци и хулигани, кога треба со вувузели, закани и тропања да се обидат да закочат некое важно законско решение.
Ете тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон законодавниот дом, тоа е односот кон граѓаните што ги гласале, тоа е нивниот однос кон сопствената држава.
ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Вака, уште долго ќе останат во опозиција, нагласи Талески.