По информацијата дека Град Скопје ќе ја продава барокната Градска куќа која беше дел од проектот Скопје 2014, објектов во којшто требаше да се сели градската администрација во јавноста се разви дискусија кое е најдоброто решение за овој објект.
Со интересен предлог излезе и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој на својот колега од Скопје му порача:
Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за основање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби!Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија на граѓани!
Претендираме за ЕУ, ваква институција и недостасува на РСМ.
М. И.