Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари синоќа во емисијата „Аргумент“ ја постави дилемата кој е вистинскиот лидер во ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски или Александар Николоски.
Тој апелираше до Николоски да појасни зошто само неговото име не е вмешано во прислушувањето!
На прашањето какви се неговите односи со првиот вицепремиер на земјава, Артан Груби, Таравари вели дека продолжуваат да бидат критичари на погрешните политики на ДУИ.
Во однос на поранешниот претседател на АА, Зијадин Села, актуелниот градоначалник на Гостивар вели дека не поминува ден без да комуницираат.