Сме разговарале со господинот Изет Меџити, партијата да се спои со неговото движење, но и комплетно коалицијата ВЛЕН, да се споиме во една партија, и да продолжиме понатаму заеднички, вели новиот министер за здравство, Арбен Таравари, во интервјуто за ЦИВИЛ.
Меѓутоа, не би сакале тоа да биде веднаш сега по изборите. Оставивме време да разговараме со членството, и да добиеме фидбек.
Мислам дека фрагментацијата на политичките партии кај Албанците, но и кај Македонците, односно фузионирањето, е добро, и може да создаде добар ефект кај гласачите, и да имаме кредибилна и долгорочна партија која, се надевам дека на следните избори ќе направи добри резултати, посочи Таравари.
Д. Тахири
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети