• Latest

Таравари: Правдата може да доцни, но не заборава

August 7, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Правдата може да доцни, но не заборава

Управниот суд пресуди во корист на општина Гостивар, за ингеренциите во образованието. За ЦИВИЛ Медиа, градоначалникот Таравари изјави: „Она што постојано го повторувавме,  добро го знаеја и повеќето граѓани на општина Гостивар и пошироко, се потврди и од Управниот суд на РСМ...“

August 7, 2019 12:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот суд Скопје, ја уважи тужбата на Општина Гостивар против решението на Министерството за образование и наука кое во февруари годинава ги одзеде ингеренциите од градоначалникот Арбен Тараври, како застапник на општината, да одлучува за именување и разрешување директори на општински средни и основни училишта.

„Она што постојано го повторувавме,  добро го знаеја и повеќето граѓани на општина Гостивар и пошироко, се потврди и од Управниот суд на РСМ.

Поточно, овој Суд ја уважи тужбата на Општина Гостивар против Министерството за образование и наука за незаконско одземање на надлежностите на градоначалникот на Гостивар во областа на образованието во делот за именување и разрешување на директорите на општинските основни и средни училишта. (како што можете да видите и во документот )

Одлука на Управниот суд Скопје за поништување на Решението на МОН
Одлука на Управниот суд Скопје за поништување на Решението на МОН во корист на Општина Гостивар

Значи, сега секој ученик, родител, граѓанин, вклучително и партиските војници на ДУИ, сфаќаат дека оние кои го зедоа на шија образувањето и воспитувањето на младите генерации во нашата општина, имаат име, презиме и адреса“, изјави Таравари за ЦИВИЛ Медиа.

Имено во одлуката на Управен суд стои дека спорното решение на МОН се поништува, а со тоа се уважува тужбата на Општината, во која е наведено дека при донесување на Решението МОН не извршил  целосно утврдување на фактичката состојба.

„Тужениот орган (МОН) до Судот достави дел од списите на предметот и во одговор на тужбата наведе дека тужбата на тужителот е неоснована, односно неосновани се наводите дека при донесувањето на оспореното Решение од страна на тужениот орган погрешно било применето материјалното право, погрешно и нецелосно била утврдена фактичката состојба која му претходела на актот и во постапката која му претходела на актот не се постапило според правилата на постапката… “, се вели во образложението на одлуката на Управен суд, за одговорот на МОН по добиената тужба од Општина Гостивар.

По одземените ингеренции на Општината, во период кога Гостивар беше во жалост по трагичната сообраќајка кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, бурно реагираше градоначалникот Таравари обвинувајќи ја Владата.

„Морам да истакнам дека од страна на нашата општина, и покрај лошите услови нема никаква повреда која води кон ваква флагрантна одлука… Се срамам што сите амбасадори кои постојано комуницираат со мене за трагедијата што не снајде, ќе мора да ги информирам за оваа аматерска, смешна, неморална, непријателска и дискриминаторска одлука! Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува“, Барам лично внимание од премиерот на државава за овој случај, бидејќи не сакам да верувам дека е точно информиран што се случува!“, напиша тогаш Таравари на својот Фејсбук профил. За овие постапки на МОН, Таравари говореше и во неодамнешното интервју за ЦИВИЛ Медиа.

МОН тогаш се бранеше со инспекторатот кој излегол на терен и констатирал неправилности, па морал да преземе неопходни мерки за одземање на ингеренциите.

„МОН изразува длабоко жалење за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. за рецидивното незаконско однесување на градоначалникот на Гостивар, коешто континуирано ги оштетува учениците, наставниците, родителите и генерално граѓаните на Гостивар. Вистината е во тоа дека по извршените инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за образование во општина Гостивар, беа констатирани идентични неправилности, за коишто еднаш на Општина Гостивар и беа одземени надлежности во областа на образованието“, се огради МОН.

Одлука на Управен суд Скопје, како што вели градоначалникот Таравари, значи дека: „Правдата можеби доцни, но не заборава“.

Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ