• Latest

Таравари со уцена за Димитриевски: Идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албанските гласови

August 21, 2024

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари со уцена за Димитриевски: Идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албанските гласови

August 21, 2024 12:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нивото на кое што комуницира Максим Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа, вели Арбен Таравари, од коалицијата „Вреди“, која е дел од Владата, порачувајќи му својот партнер во Владата, лидерот на Движњето ЗНАМ, дека „идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албански гласови“.

Прашан за коментар на вчерашната изјава на Максим Димитриевски дека „е погрешно „Вреди“ да го имитираат ДУИ“, Таравари рече дека тоа е во насока на добивање политичко поентирање.

–  Господинот Димитриевски гледам дека сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по повод воведување на нови лекови на позитивната листа.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, прашан во какви односи се со коалицијата „Вреди“ по несогласувањата околу Балансерот, вчера рече дека е погрешно „Вреди“ да го имитираат ДУИ, и дека „ќе мора да направат корекција на самите себеси“.

– Мислам дека нашиот партнер во власта, иако ЗНАМ е партнер со ВМРО-ДПМНЕ во оваа власт и во ниту еден момент ние немаме како политичка партија разговарано за било каква коалиција или заемна поддршка на централно ниво, но, сепак тие се партнер на нашиот партнер, го почитуваме тоа, но, ќе мора да направат корекција на самите себеси. Мислам дека е погрешно да го имитираат ДУИ, бидејќи ДУИ е веќе видена работа и едно минато. Треба да креираме нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптеретени, кој какво знаме ќе вее или кој е поголем заложник за исполнување на некои си наводни национални платформи и стратегии, изјави Димитриевски.

Од Коалицијата „Вреди“, преку соопштение апелираа ЗНАМ „несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ“, порачувајќи дека „не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност“. /МИА

Tags: АлбанциАрбен ТаравариВЛЕНзнамеМаксим Димитриевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ