• Latest
Арбен Таравари, министер за здравство
фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Таравари за бегството на Блерим Рамадани: Немам информации за што се работи, но треба да одговара секој кој не постапувал како треба

August 19, 2024
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Таравари за бегството на Блерим Рамадани: Немам информации за што се работи, но треба да одговара секој кој не постапувал како треба

August 19, 2024 11:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Арбен Таравари, министер за здравство
фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Арбен Таравари, министер за здравство фотографија/ Ариан Мехмети - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По барањето на коалициониот партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ судијата во Основниот кривичен суд во Скопје Пајазити веднаш да биде разрешен, министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека нема информации во однос на случајот со судијата Пајазит Пајазити по бегството на Блерим Рамадани од домашен притвор, но оти секој кој што не постапувал како што треба, треба да сноси одговорност.

-Јас немам точни информации за што се работи. Меѓутоа не само за конкретното име, туку за секого кој што не постапувал како што треба, треба да има одговорност. За конкретниот случај немам точна информација кога ќе имам ќе имаме и став како коалиција Влен, рече Таравари на новинарско прашање дали Вреди ќе се придружи на барањето на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ кој веќе два дена бара одговорност за судијата Пајазити за одлуката за куќен притвор за Рамадани.

Како што пренесува МИА, ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара судијата во Основниот кривичен суд во Скопје Пајазити, да биде разрешен веднаш, посочувајќи го при тоа дека тој е експонент на СДС и ДУИ во судството кој го руши системот од внатре.

-Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега. Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор. Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега. Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската СДСМ пак посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со денови се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои, велат, биле задолжени да го обезбедат во куќен притвор. За Пајазити, пак, наведуваат дека тој е избран за судија токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на 02.01.2013 година.

-ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата Министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова. Во најкус бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае, бараат од СДСМ.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен во јули на граничниот премин Јажинца. Налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, со одлука на судијата Пајазит Пајазити мерката „притвор“ на Рамадани му беше преиначена во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

На 9 август Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да не го екстрадира Рамадани, со тоа што му беше наложено да остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Судскиот совет минатата недела на итна седница донесе одлука да се формира Комисија што ќе ја констатира фактичката состојба по однос донесените одлуки од страна на Основниот кривичен суд Скопје, а поврзани со случајот на бегството на Рамадани, од куќен притвор додека во тек беше екстрадициона постапка.

Tags: бегството на Блерим Рамаданирбен Тараварисудијата Пајазит Пајазити
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ