• Latest

„Таргет-Тврдина“ одложено за 19 јуни, се чека одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

May 15, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Таргет-Тврдина“ одложено за 19 јуни, се чека одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

May 15, 2018 11:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денешното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ на СЈО е одложено за 19 јуни, бидејќи се чека одлуката на Врховниот суд во Атина по барањето за екстрадиција на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Судијката Џенета Бегтовиќ по консултацијата со Судечкиот совет објасни дека имајќи ги предвид изнесувањата на адвокатот Петар Василев дека правосилната одлука за екстрадиција од Врховниот суд во Атина ќе биде објавена на 18 мај, Кривичен не може да им суди во отсуство. Поради економичност на судскиот процес, Судечкиот совет одлучи да се причека одлуката по барањето за екстрадиција.

Бегтовиќ рече дека на следното рочиште  Судот ќе се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски во зависност од одлуката за екстрадиција на  Врховниот суд во Атина.

На почетокот на денешното рочиште адвокатот на Грујевски и Бошковски го информираа Судот дека постапката за екстрадиција на обвинетите е во фаза на одлучување во Врховниот суд на Грција во Атина и конечната одлука ќе биде објавена на 18 мај.

Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО, на тоа предложи раздвојување на постапката за Грујевски и Бошковски.

– Сметаме дека постојат особено важни причини да се раздвои постапката, пред се интересот на јавноста, кој предизвика длабока општествена и политичка криза, дотолку што двапати веќе беше одложуван почетокот од истите причини, рече Пеливанов.

Адвокатот Василев реагираше дека не постојат законски основи за раздвојување на постапката во случај кога обвиентите се во екстрадициски притвор и постапката за одлучување е во завршна фаза.

– Неосновани се тврдењата на СЈО и од каде им се информациите дека на следното рочиште нема да биде објавена одлуката, рече Василев.

Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

Претходното рочиште беше одложено поради незавршената екстрадициска постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошковски. Врховниот суд на Грција во Атина одлуката треба да ја соопшти на 18 мај.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

(МИА)

Tags: одложеносудењеТаргет - Тврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ