• Latest

„Часот на планетата Земја“ по осми пат во Македонија

March 24, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Часот на планетата Земја“ по осми пат во Македонија

March 24, 2017 13:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во период од еден час, на 25-ти март, повеќе од 7.000 градови од 178 земји во светот, ќе потонат во мрак! Македонија годинава по осми пат се приклучува на акцијата „Часот на планетата Земја“ и во сабота, во 20 часот и 30 минути, по локално време, ќе ги исклучи светлата и со тоа ќе испрати порака за спас на планетата.

Политичката криза во земјата, како што велат организаторите на акцијата во Македонија, се одразува и врз граѓанскиот сектор, па поради тоа, оваа година одлучено е да се намали интензитетот на акцијата и да се организира само исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и во Охрид.

Како што е најавено, во Скопје во мрак ќе потонат Плоштадот Македонија со спомениците,  Порта Македонија, Камениот мост, Скопската тврдина, Македонскиот народен театар, Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, објектот на АЕК, Колонадата, Јавното обвинителство на Република  Македонија, Министерството за надворешни работи, Мостот „Око“ и  Мостот на уметноста.

Во Охрид, пак, во мрак ќе потонат Црквата Свети Јован Канео и Самуиловите тврдини.

Своја поддршка кон акцијата најави Македонски телеком, чија административната зграда во центарот на Скопје ќе бид еисклучена, како и цементарницата „Усје“, која ќе ги исклучи светилките и сите мелници за цемент во својата фабрика.

Оваа година, под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“, кампањата се фокусира врз сериозноста на проблемот поврзан со забрзаното менување на климата, и има за цел да ја промовира идејата дека сите имаат моќ да направат промена.

„Можеби исклучувањето на светилките во вашиот дом нема да направи голема разлика локално, но замислете го ефектот кога милиони луѓе ширум светот, во сабота во 20:30 часот ќе ги исклучат светилките, испраќајки порака дека на планетата ѝ е потребна акција за спасување, веднаш и сега. Тоа е моќта која индивидуалецот ја има за да направи промена“, порачува Ѓорги Селков, организатор на акцијата.

„Часот на планетата Земја“ е глобално еколошко движење креирано од World Wide Fund, со поддршка од Обединетите Нации. Како една од првите кампањи, креирана од луѓето за луѓето, „Часот на планетата Земја“ прерасна во симболичен настан што се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.

Tags: акцијакампањаклиматски промениполитичка кризаЧасот на планетата Земја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ