• Latest

Чие достоинство чини 500 денари?

October 20, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чие достоинство чини 500 денари?

October 20, 2017 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Купување гласови има и ќе има. Во прилично високи дози. Тешко е да се открие, уште потешко да се докаже. Освен тоа, нема вистинска законска закана за тие што го купуваат достоинството и честа на сиромашните за ситни пари што им припаѓаат токму на тие што го примаат поткупот. Да! Тие пари не се на изборните криминалци, туку се наши пари, на граѓанките и граѓаните.

Пишува: Џабир Дерала

Не ви чини законот, другарчиња! Многу е провидна намерата на законодавецот, нејзиниот предлагач и оние што гласале за него во собранието. Ако воопшто го прочитале, пред да гласаат и да си подигнат супер платичка од нашите пари. За што зборувам?

Во член 162 од Кривичниот законик стои: „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор од најмалку пет години. Со казната од став 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.“

Дотука е ОК. Но, тој член не завршува тука. Истиот член од законот, во продолжение, всушност, го охрабрува купувањето гласови. Па вели: „Ако користа е од помала вредност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“

Значи, ако ја намалат цената на достоинството на луѓето, ако ги осиромашат до крајни граници и ги стават под својата валкана чизма, ако ги обесхрабрат и претворат во неинформирани и рамнодушни битија – казната е помала, поточно, симболична. Дотолку повеќе, ако правно лице, значи компанија, партија, институција или невладина организација го стори делото – казната е само парична. Види, мајката!

Логиката не треба, туку МОРА да си ја смените, правничиња и политичарчиња!

Луѓето на кои им значат тие 500 денари (а често и само кутија со по некој евтин детерџент и некое брашно со истечен рок, па го ставаат својот глас, своето достоинство во канџите на политичките никаквеци), се жртви на системот и на политичките партии. Газењето по нив се казнува со парична казна! Па како бе, арамии!? Чија совест и достоинство чинат 500 денари, на тие што ги осиромашивте и заплашивте или вашата, што крадете од сиромашните и си делите меѓу вас, богатите, па тоа го браните и со смешна законска одредба?! Не ме интересира вашата „правничка“ логика. Ја гледам логиката на тие што бараат правда. Сменете го законот!

Tags: арамиигласачизаконизбориполитичарипоткупправдаправници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ