• Latest

И Чичаковски го осуди предизборното насилство

October 3, 2017

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И Чичаковски го осуди предизборното насилство

October 3, 2017 17:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, апелираше до политичките партии итно да престанат со инциденти со порака дека насилството во овој период може да им наштети на кандидатите, на партиите, на изборниот процес и на државата.

Прашањето што се поставува е колку ќе им наштети на граѓанките и граѓаните, односно на гласачко тело? Нели овие избори се сепак, пред сѐ и над сѐ во нивен интерес.

Чичаковски нагласи дека инцидентите го нарушуваат и демократскиот амбиент на изборниот процес. Кодексот за фер и демократски избори, како што нагласи Чичаковски, ги обврзува сите потписници, учесници во изборната трка целосно да го почитуваат.

Исто така, тој ги повика надлежните институции да ги расветлат инцидентите и да ги казнат сторителите, а политичките партии да придонесат кон смирување на страстите.

ЦИВИЛ – Центар за слобода вчера се огласи со соопштение во кое повика да се сопре насилството за време на избори, вклучително напад врз лица што се длабоко инволвирани во изборната кампања.

ЦИВИЛ, исто така, во неколку наврати, ја оцени соработката со Државната изборна комисија за задоволителна во однос на претходните изборни циклуси и покрај забелешките што се однесуваа на Избирачкиот список,  како и потребните промени во Изборниот законик, за кои немаше време да се одлучува.

ЦИВИЛ беше единствената организација што вчера се огласи со соопштение во кое повика на нулта толеранција кон насилството.

„Насилството за време на избори, без оглед на мотивите, го поткопува демократскиот карактер на изборниот процес и ги доведува во прашање фундаментите на општеството и државата. Никогаш ништо добро не може да произлезе од насилството, освен трагична загуба на животи, став и хаос“, стои во соопштението.

Сепак, добро е што ДИК реагираше не игнорирајќи го фактот дека колку и да е приватно, во тек на кампања сѐ е изборно.

Б.Ј.

Tags: Александар ЧичаковскиДИКЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ