• Latest

Чичаковски тврди дека Избирачкиот список е добра основа за фер избори

October 8, 2017
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чичаковски тврди дека Избирачкиот список е добра основа за фер избори

October 8, 2017 16:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Државната изборна комисија со консензус донесе одлука за заклучување на Избирачкиот список и сметам дека истиот, претставува добра основа за спроведување на кредибилни и фер избори“, тврди претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Добар индикатор за ова е тоа што огромен број на граѓани за време на јавниот увид извршија проверка на нивните податоци, преку веб-апликацијата која им беше достапна, како и преку подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, и од нивна страна беа доставени многу малку број на барања за запишување, промена или бришење на податоците во Избирачкиот список. Исто така, беше извршена контрола на состојбата во Избирачкиот список од страна на избирачките партии. Индикативно е што добивме само триесеттина барања за запишување, промени или бришење во податоците на Избирачкиот список. Самото тоа покажува дека сите актери вклучени во изборниот процес, сметаат дека истиот претставува добра основа за спроведување фер и кредибилни избори“, образложува Чичаковски.

Претседателот на ДИК во интервјуто истакнува дека „степенот на точност на податоците во Избирачкиот список, зависи од степенот на точност на податоците кои доаѓаат од релевантните институции“, што значи дека за евентуалните аномалии, одговорноста за Избирачкиот список се префрла на други институции.

Чичаковски е задоволен од процесот на проверка на Избирачкиот список. „Најголеми забелешки, кои ги имаа одредени политички партии и граѓаните во однос на Избирачкиот список кој беше подготвуван за спроведување на предвремените парламентарни избори, се однесуваа во однос на точноста на податоците кои ги добивавме од релевантните институции. Во овој период, ДИК е во интензивна соработка со сите релевантни институции. Во рамки на некои од нив беа спроведени управни постапки за да се адресираат дел од забелешките кои беа нотирани и од страна на Државната изборна комисија во извештајот кој го дадовме врз основа на спроведените вкрстени проверки, теренски и административни“, вели Чичаковски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

ЦИВИЛ – Центар за слобода доби голем број повици од граѓанки и граѓани во изминатиот период, во кои тие се жалеа на непостоечки лица на нивните адреси. Уште позагрижувачки е тоа што голем број граѓанки и граѓани не можеле да се најдат на Избирачкиот список, а нивниот број е повисок од „само триесетина“, според евиденцијата на ЦИВИЛ.

Tags: Александар ЧичаковскиДИКизбирачки списокфантоми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ