• Latest

Четири опции, демант, протести, позиционирања

February 28, 2018

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Четири опции, демант, протести, позиционирања

February 28, 2018 09:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската Влада соопшти вчера дека посредникот Метју Нимиц предложил четири опции за името и тоа не се предлози на Македонија.

Владата потенцира дека премиерот Зоран Заев не изјавил дека Македонија изнела четири предлози за решавање на спорот околу името со Грција, како што пренесе агенцијата Ројтерс.

Владата укажува на погрешна интепретација во воведот на веста на агенцијата за интервјуто со премиерот Заев, во која се наведува дека „Македонија предложила четири опции за решавање на деценисккото недоразбирање со Грција за името“.

– Јавноста во Македонија и во светот знае дека тоа се предлози на медијаторот Метју Нимиц, кој во име на ОН посредува во разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција, се наведува во демантот на Владата.

Се додава дека тие предлози постојат, како што изјавил премиерот Заев, но тие не се предложени од страна на Република Македонија.

Предлозите, кои според Ројтерс ги навел Заев се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардар Македонија и Република Македонија (Скопје).

Како што објави Ројтерс, премиерот Заев нагласил дека останува прашањето дали постои реална потреба Македонија да го смени Уставот, нешто на што Грција инсистира изминатиот период, но Владата го појаснува и тој дел од објавеното.

Во врска со деловите од интервјуто на премиерот Заев за Агенцијата Ројтерс преземено од страна на некои од македонските медиуми и во кои се пренсува дека „Република Македонија е подготвена да направи мали промени со името во Уставот, кабиентот на Заев категорично тврди дека премиерот нема искажано таков став во интервјуто.

– Наместо тоа премеирот Заев на прашањето на новинариот на Ројтерс одговара дека Македонија  е подготвена да направи промена во врска со името, но не може да се оди предалкеу бидејќи тоа е многу тешко прашање, нагласи Владата.

Во продолжение на разговорот на оваа тема премиерот Заев додал „останува отворено прашање дали постои вистинска потреба за промена на Уставот, нешто што Грција го бара изминатите месеци“.

Во интервју за Евроњуз дадено претходно, Заев вели дека нема потреба од смена на Уставот на Македонија.

– Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последици надвор од земјата, вели Заев во интервјуто.  Во однос на тоа дали и идентитетот е предмет на преговори, македонскиот премиер одговара негативно. Вели дека не постои разговор за идентитетот, односно за националноста, но постои параграф за државјанството.

Во меѓувреме, портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи за грчката телевизија „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.

– Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашање за ставовите на македонскиот премиер Заев.

Грчки дипломатски извори, пак, за „То Вима“ оцениле дека е неопходна внимателност во очекувањата за прашањето за името со Скопје, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи.

Според весникот, во пречките што се поставуваат се и честите споменувања на Уставот од премиерот Заев, и ставовите дека не е потребна промена затоа што не постои ниту иредентизам, ниту територијални претензии. Во однос на името, весникот пишува дека и покрај тоа што Горна Македонија преовладува, сепак, ни тоа прашање не е затворено.

По протестите во Грција, синоќа и во Скопје беше одржан протестен марш на кој беше побарано прекин на преговорите за името, зачувување на идентитетот на нацијата, како и повлекување на Законот за употреба на јазиците, отфрлање на договорот со Бугарија…

Доколку овие барања не се остварат, организаторите на протестот најавија дка ќе бараат самораспуштање на Собранието и организирање вонредни парламентарни избори во Македонија.

Во првите редови на протестот, покај организаторите, беа и владиците Агатангел и Петар, како и претставници на македонската дијаспора…

Владиката Преспанско пелагониски Петар потсети дека Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија лани во декември апелираше до државните фактори да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија.

Според него, за неменување на името на нашата држава најмногу ќе ни помогнат, како што рече, браќата Грци со тоа што нема да отстапат од црвените линии. Владиката Петар повика, како што рече, да не правиме ништо лошо, бидејќи така ќе докажеме дека имаме љубов и за нашите непријатели.

Протестот почна пред мисијата на Европската унија, а заврши пред Собранието на Република Македонија.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владавладикаГрцијаЕУМакедонијаПротестиСобрание
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ