• Latest
Фото: МИА архива

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

June 10, 2024

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Течат роковите за формирање на новата влада која ќе има 20 министерства

June 10, 2024 07:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада, а ноќта меѓу петокот и саботата на пленарна седница во Собранието поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа, течат роковите за формирање на новата влада.

Мицкоски на врачувањето на мандатот најави дека набргу ќе биде составена новата влада и според неговите очекувања таа ќе биде формирана пред законскиот рок. Главна цел на владата, како што посочи, ќе биде да се занимава со реформите, најавувајќи придвижување на работите во економијата, силен инвестициски циклус, подобрување на состојбите во здравството, образованието, земјоделството…

– Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, рече Мицкоски во четвртокот.

null

ВМРО- ДПМНЕ за формирање на владата водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е позната, а имиња се уште не се соопштуваат официјално.

Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. Со измените на Законот за државна управа што доцна вечерта во петокот поминаа на собраниска седница, ќе се направи реорганизација на министерствата.

Измените предвидуваат кон Министерството за економија да се приклучи сегментот труд, а делот енергетика, рударство и минерални суровини да бидат под надлежност на новото Министерство за енергетика. Сегашното Министерство за труд и социјална политика прераснува во Министерство за социјална политика, демографија и млади, а ингеренциите за туризмот ќе бидат под новото Министерство за култура кое ќе гласи Министерство за култура и туризам. Ќе се формира министерство за дигитална трансформација кое ќе го наследи досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, како и Министерство за спорт.

Измените на Законот за организација на работата на државната управа беа донесени со двотретинско мнозинство и за нив гласаа ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, како и пратеници од Европскиот фронт. ДУИ гласаше за измените затоа што претходно, како што информираше ВМРО-ДПМНЕ, бил постигнат договор во догледно време да се формира ад-хок комисија која ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа. Претседателот на оваа комисија, како што стои во соопштението, ќе биде на предлог на опозицијата.

Parliament passed late last night the draft amendments to the Law on the Organization and Operations of State Administration Bodies with 88 votes for and 22 against, creating the conditions f

Вчера, од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова беше потпишан и указот за ова законско решение.

Во објава на „Фејсбук“, Сиљановска-Давкова појасни дека се работи за закон кој се носи со двотретинско мнозинство којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.

– Законот е реформски и со него прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам, трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), стои во објавата на Фејсбук.

Рокот за формирање на влада е 20 дена по доделувањето на мандатот.

Извор: МИА

Tags: владаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ