• Latest

Тензично во Собранието, протестите „издишани“, за Алаѓозовски антиевропските протести се националистички, антислободарски и антиевропски, светска осуда на руските злосторства

July 15, 2022

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Тензично во Собранието, протестите „издишани“, за Алаѓозовски антиевропските протести се националистички, антислободарски и антиевропски, светска осуда на руските злосторства

July 15, 2022 16:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Продолжи расправата за францускиот предлог, опозицијата со вувузели на собраниската седница, мал број граѓани протестираат пред Собранието

Во Собранието  денеска продолжува 81 седницата, единствена точка на дневниот ред  е владината Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, предложена од француското претседателство. Расправата продолжи во слична атмосфера како што се одвиваше и вчера, со користење на вувузели и свирежи од пратениците на ВМРО ДПМНЕ за време на обраќањето на пратениците на СДСМ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Алаѓозовски: Овие протести (против европскиот предлог за спорот со Бугарија), онака како што се одвиваат просто ги исполнија сите негативни карактеристики и прераснаа во се она што не требаше да бидат. Тие протести најпрво се националистички, антидемократски, антислободарски, антиевропски и на начин кои разгоруваат нетрпеливос, и внатре меѓу етничката заедница меѓу македонскиот народ, но и меѓу останатите заедници, видовме од примерите во изминатиов период. Организаторите на протестите се однесуваат како „слон во стакларница“ со цел да исполнат одредени цели тие прават многу поголема штета.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката на САД во Украина Бриџит Бринк, на Твитер повика да и се помогне на Украина да се одбрани од злосторствата на Русите, пренесува Укринформ.

„Мојата прошетка низ Бабин Јар беше отрезнувачки потсетник на нацистичките ужаси извршени врз Евреите и другите, кои руските проектили ги направија премногу реални, повторно погодувајќи во близина и убивајќи невини“, напиша таа на Твитер.

*

Полицијата идентификуваше 19 од 23 лица убиени од руски ракетни напади врз Виница, објавi на Фејсбук
nачалникот на Националната полиција на Украина, Ихор Клименко, пренесува Укринформ.

„Полицијата идентификуваше 19 од 23 лица убиени од ракетни напади на Виница. Меѓу жртвите на рускиот напад има три деца: едно 4-годишно девојче и две момчиња, 7 и 8 години“, рече Клименко.

*

Русија цинично ги гранатира украинските градови и треба да биде призната како терористичка држава на меѓународно ниво, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал во објава на Телеграма, пренесува Укринформ.

„Цинично и брутално гранатирање на украинските градови: Миколаев, Часив Јар, Виница. Убиени се десетици цивили. Русија ја продолжува својата политика на заплашување и тероризам. Затоа треба да биде признаена како терористичка држава на меѓународно ниво“, напиша Шмихал.

*

Првата дама вели дека детето-жртва на рускиот ракетен напад на Виниција глуми во нејзиното божиќно видео, пренесува Укринформ.

Девојчето од Виница Лиза (4), која беше една од убиените во рускиот ракетен напад на Виница на 14 јули, глуми во божиќното видео на првата дама Олена Зеленска од 2021 година, објави на Твитер сопругата на украинскиот претседател, првата дама Олена Зеленска.

*

Денес го упатувам ова обраќање не до Украинците и Украинките, како обично, туку до нашите партнери. На демократскиот свет, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

 

Овој ден повторно докажа дека Русија треба официјално да биде призната како терористичка држава. Ниту една друга земја во светот не претставува таква терористичка закана како Русија. Ниту една друга држава во светот не си дозволува секој ден да уништува мирни градови и обичен човечки живот со крстосувачки ракети и млазна артилерија, изјави Зеленски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБРАНА Денеска во министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска се сретна со претставници на Лабуристичката партија во британскиот парламент, Алекс Собел и Стивен Даути, со кои разговараше за силната одбранбена  соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, видлива преку реализирани заеднички обуки и вежби со кои ја градиме интероперабилноста со партнерите и сојузниците на НАТО.

ПРОТЕСТИ Приведено уште едно лице од инцидентот кај плоштадот Скендер бег како и насилник кој на протестот на 5 јули физички нападна полициски службеници

БЕЗБЕДНОСТ МВР со кривична пријава против директорот и уште 5 вработени лица за случајот во Зоолошката градина Скопје. При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати  во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

ИНТЕГРАЦИИ Одбивањето на францускиот предлог ќе значи ретроградни процеси коишто можат да не оддалечат и повторно да не остават сами. Во таа ситуација членството во НАТО може да помогне, но сигурно нема да ја гарантира безбедноста на начин како што тоа ќе биде со полноправното членство на нашата држава во ЕУ, изјави деканот на Факултетот за безбедност, професор Никола Дујовски, во врска со безбедносните ризици за државата, доколку се прифати или одбие предлог-преговарачката рамка.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ: „Национализмот на политичката улица“

 

На панел дискусијата од серијата Во фокусот на ЦИВИЛ, на тема „Национализмот на политичката улица“.  се дискутираше за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Учесници на панелот беа Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Сретан Димитриевски од Асоцијација- Центар за антитероризам и мир,  Гардијан -Куманово, Тони Ангеловски од МВР, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Настанот го водеше Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

МРЕЖА

Иванов: Негаторите на АСНОМ ги кршеа бистите на партизаните, сега АСНОМ од уста не го вадат

Да пукнеш, негаторите на АСНОМ, ги кршеа бистите на партизаните, сега АСНОМ од уста не го вадат – преваранти!!, објави на Фејсбук новинарот Зоран Иванов.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ