• Latest

Тежок е животот на децата во Македонија

November 21, 2018
Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ во присуство на рускиот амбасадор Баздникин на 9 мај полага цвеќе со лента во боите на српското знаме. Фото: Фејсбук на Иван Стоиљковиќ

ДУИ: Стоилковиќ ја претстави Владата рамо до рамо со Русија, Кина и локалните инсталации од српскиот и рускиот свет, во одбрана на руската агресија врз Украина

June 15, 2025
Фото: Скриншот од фајсбук

(ВИДЕО) Масовните анти-Трамп протести „NO KINGS“ на социјалните мрежи

June 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Руските агресори однесоа 50 украински деца од окупираниот дел на Луганск во „рехабилитационен“ камп во далечната Калмикија

June 15, 2025
Фото: Nicolas_Sarkozy_(50263923671)]] wikimediacommons

На поранешниот француски претседател Саркози му е одземен орденот „Легија на честа“

June 15, 2025
Фото: Фромтлајн

Градоначалникот на Кочани вели дека премиерот не го прима на средба, а од централната власт досега не добиле ништо; Мицкоски смета дека граѓаните ќе го дадат својот суд на локалните избори

June 15, 2025

„Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

June 15, 2025
Made with AI support (ChatGPT & DALL·E by OpenAI), in collaboration with Civil Media.

Власта го помина Рубиконот

June 15, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Европа не одлучила што да прави ако САД се повлечат

June 15, 2025
Мелиса Хортман, убиена на 14 јуни 2025, дава изјави за медиумите откако стана претседателка на Претставничкиот дом на Минесота (фото извор: Wikimedia)

ФБИ во „лов“ на атентаторот на демократската пратеничка во Минесота

June 15, 2025
No kings - протести во САД (фото извор: FB / Meanwhile in Ukraine)

„Не за кралеви“ – протести во САД со „вкус“ на украинскиот отпор

June 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тежок е животот на децата во Македонија

November 21, 2018 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Светот и Обединетите нации го одбележаа Универзалниот ден на детето. ЦИВИЛ направи уште една анализа на состојбите со правата на децата во текот на годинава што изминува (2018), заснована на медиумските прилози и извештаи објавени на медиумската платформа на организацијата.

Насилството како „моќно оружје“ за воспитување

Осум од десет родители во Македонија применуваат насилни методи  за да ги дисциплинираат своите деца, без разлика дали станува збор за физичко или психолошко насилство. Ваквите постапки на родителите подоцна имаат негативно влијание врз психичкиот, физичкиот, социјалниот, емотивниот и когнитивниот развој на децата.

Маја Ивановска

Но, насилните методи за воспитување освен во семејствата мношне често се применуваат и во воспитно образовните установи. Јавноста посведочи на неколку случаи на насилство врз деца од страна на воспитувачки во градинки оваа година.

Таков пример беше и инцидентот во градинката во Гевгелија за која извести граѓански новинар на ЦИВИЛ. Насилничко и недолично однесување на воспитувачка во градинката „Детска радост“ забележа граѓанската новинарка Јулијана Ортаковска.

По објавувањето на сторијата од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.

„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките“, известија од Министерството.

На овој настан реагираше и Македонската асоцијација на дадилки (МАД) од каде побараа итно менување на Законот за заштита на децата.

„Се случува негувателка да има „вербален испад“ во градинка, се случува дете да биде изгризано бидејќи го „полазил инсект“ во градинка, се случува дете да е изгорено со кафе во градинка, се случува дете само да замине од градинка, се случува дете да остане заклучено во градинка… Се случува и ќе се случува. Сѐ додека не се свестиме и додека не признаеме дека системот за грижа и нега на деца ни е паднат на колена на дно, и дека всушност не постои систем. Ќе се случува сѐ додека секое чудо ни е за три дена доста, ќе го заташкаме, ќе се ставиме под тепих и ќе продолжиме понатаму. Ќе се случува сѐ додека немо набљудуваме, и само коментираме на социјалните мрежи, а во себе се тешиме дека е добро што не се работи за нашето дете. Наместо да дискутираме дали, на пример, програмата во градинка е усогласена со современите услови, развојот на општеството, дали децата се подготвуваат соодветно за училиште, ние расправаме дали употребата на непримерни зборови кон детето е прифатлива или не. И дури пронаоѓаме оправдувања за такво однесување. Во 21 век“, констатира МАД, истакнувајќи ја леснотијата со која се добива лиценца за негувателка – прашалник од 20 прашања на заокружување, за кој не претходи никаква едукација, обука или тренинг.

Ниту овој случај во градинката во Гевгелија не е изолиран. Изминатиот месец родителка на социјалните мрежи алармираше за насилство од страна на воспитувачки во градинка во општина Аеродром.

 

Насилството станува дел од детската игра

Со оглед на насилството со коешто растат децата во Македонија, воопшто и не е чудно што тоа стана вообичаен дел од нивното секојдневие.

Четири малолетни ученици фатиле за нозе и раце нивна 14 годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата којашто се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја. Ова е накратко содржината на пријавата во полициската станица Аеродром за настан што се случил на 28 септември во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор . Девојчето се здобило со телесни повреди.

Овој настан силно ја разбранува јавноста за нешто што веќе подолго време се случува меѓу малолетниците, а тоа е вклучувањето на насилството во нивната секојдневна игра.

Впрочем, во таа насока беа и изјавите на директорот на училиштето кој целиот настан го квалификува како „непромислена игра, која децата, инаку одлични ученици со примерно поведение, ја практикувале околу две недели наназад, без знаење на наставниците, за време на одморите“. И тука некаде се затвори овој случај.

Злоупотреба на децата во политички цели

Ниту оваа година не изостана злоупотребата на малолетници во политички цели. Тоа што го видовме во изминатиот период, особено она што се случуваше за време на референдумот, на денот на гласањето, за време на референдумскиот молк, но и во текот на кампањата, беше жестока злоупотреба на деца и малолетници во овој политички процес.

Но и овие денови, кога се случуваат протести против уставните измени, децата повторно се ставени во „игра“ за нечии интереси.

Нивното ставање на мета на структури кои ги притискаат за подоцна да можат со нив да извршат влијание врз нивните родители е неприфатлива состојба, и неприфатливи постапки кои се крајно неморални и што е најважно законски забранети. Но, за жал, ваквите постапки се уште се пракса во нашето општество.

Редно време е институциите да преземат  решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на активности. Местото на децата е надвор од политиката! За злоупотребата на децата за политички цели, по кој знае кој пат во изминатите 19 години, ЦИВИЛ упати јавен аларм до јавноста на 20 ноември, Универзалниот ден на детето.

ЦИВИЛ порачува: „СТОП за политичката и верската злоупотреба и индоктринација на децата! Не смееме да дозволиме развојот на децата да биде контаминиран со дневно-политички, партиски или верски антагонизам или мобилизација. Очекуваме институциите да преземат  решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на активности. Едноставно, тоа мора да престане веднаш!“

Неспособност на институциите да обезбедат соодветна заштита за штитениците во домовите

На почетокот на годината, малолетна девојка, која била штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје, која како последица од сексуално злоставување морала да направи абортус. Серија прилози за оваа грозоморна злоупотреба пишуваше и ЦИВИЛ Медиа и со тоа ја разбранува јавноста, но и Министерството за труд и социјална политика.

„Според нејзиното сведочење пред мониторот за човекови права од ЕЦПР, Р.И. била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Девојката успеала да избега по еден месец и да се качи во автобус за Скопје, по што полицијата ја пронашла на Бит-пазар. Меѓу другото, таа опишала дека претходно била однесена во „детски летен камп“ во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување. Таму, непознат маж сексуално ја злоставувал, пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните. Потоа, Р.И. била пренесена во друга државна институција за згрижување „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде открила дека останала бремена како резултат на сексуалното насилство.“

Потоа, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека  до Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“, а во врска со случајот на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“.

Кривична пријава за трговија со дете поднесе и Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“.

Но, за жал, ниту овој случај не е изолиран. Само оваа година има неколку пријави за сексуално злоставување на малолетни лица, штитеници од некои од домовите за згрижување во земјата. Особено е загрижувачки податокот дека токму неколку од овие случаи се поврзани со одморалиштето „25 Мај“ во Струга. И иако, до сега неколку лица заработија кривични пријави и се гонети за „несовесно работење во служба“, „запуштање на малолетно лице“ како и за „трговија со дете“ овие случаи се повторуваат.

Па така, во август оваа година четиринаесетгодишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, синоќа во Полициската станица во Струга пријавило дека истиот ден околу 16 часот непознато лице извршило други полови дејствија врз неа, информира МВР. Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе.

Хендикепирано општество (не) се грижи за децата со посебни потреби

Настаните од јуни годинава кога Министерството за труд и социјална политика го отвори малиот групен дом во Тимјаник покажа дека на македонското население му треба едукација.

Ако еден од параметрите за оценување на напредокот на едно општество е и начинот на кој се однесува општеството кон ранливите категории на граѓани, тогаш ние сме дефинитивно под секаков минимум. Мора да сфатиме дека живееме во едно крајно затворено општество кое со години се учи, но никако да се научи да живее и да ги прифати различните од себе. Полни со омраза и фобии од секаков вид, не затоа што така сакаме, туку затоа што така нè научиле. И колку и да се декларираме себе си како отворени и мулти од секаков вид, мораме да го согледаме коренот на сите проблеми, за да можеме конечно да тргнеме макар половина чекор напред. Затоа нема потреба да се изненадуваме од ваквите постапки и реакции.

Колку и да се погрешни постапките на жителите на Тимјаник мора да сфатиме дека всушност тие не се виновни. Наместо гневот да го насочиме кон нив, потребно е да инсистираме на сериозно подобрување и реформирање на целокупниот воспитно-образовен процес. Постојано да вршиме притисок кон институциите со цел истите конечно да проработат во функција на граѓаните на ова општество.

Како што стои и во најновото јавно обраќање на ЦИВИЛ: „Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!“

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    491 shares
    Share 196 Tweet 123
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    220 shares
    Share 88 Tweet 55
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ