• Latest

Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации

May 20, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации

May 20, 2023 15:31
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа, пренесува МИА.

Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа.

– Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации до стигнат до што поголем број корисници. Тикток е важен извор за информирање кај помладите корисници и кај нив има најизразено негативно влијание. Најчесто се поставуваат манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или, на пример, видеа за војната во Украина, каде што преку различни техники многу често се дезинформира што навистина се случува во овој конфликт, вели тој.

Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток.  МВР преку

Платформата на која се пласираат куси видеа е застапена во 141 држава и е веќе преведена на 39 светски јазици. Од неговото лансирање во 2016 година, Тикток бил преземен околу три милијарди пати и со тоа успеа за нешто повеќе од четири години да го постигне она што на Фејсбук и на Инстаграм им требаше да го направат за 10 години.

Правилата и стандардите за содржината на Тикток забрануваат дезинформации што претставуваат ризик за јавната безбедност, медицински дезинформации, дезинформации за климатските промени, опасни теории на заговор како и материјал што е уреден, споен или комбиниран (како видео и аудио) на начин што може да доведе до заблуда за настани од реалниот свет. Според Џигал, интерниот систем за заштита на дезинформации на Тикток е корисен, но далеку од совршен.

– Тикток, како и поголемиот дел од социјалните мрежи, има интерен систем за пријавување проблеми и злоупотреби. По проверка на пријавите, содржините можат да се отстранат или, пак, да се блокираат одредени корисници. Исто така, мрежата користи и софтверски алатки, какви што се различни алгоритми за пребарување и детектирање одредени содржини, вклучително и дезинформации. Овој систем е корисен, но е далеку од совршен затоа што може само да го намали штетниот ефект од дезинформациите, но не и целосно да ги отстрани, вели Џигал.

Неговите препораки за заштита од дезинформациите, покрај наведените методи и алатки за нивно пријавување и отстранување, се едукацијата и обучувањето на корисниците да препознаваат дезинформации, да ги пријавуваат и да ги маркираат како штетни и манипулативни, бидејќи, според него, доколку се намали ефектот на дезинформациите врз корисниците, тогаш ќе се намали и мотивацијата на оние што ги објавуваат да го прават тоа и понатаму.

Џигал смета дека младите корисници се најранлива категорија поради нивните сѐ уште недооформени вештини за критичко преиспитување на информациите и на содржините на Тикток.

– Убедливоста на визуелните содржини е особено моќна и за нив е многу потешко да ги препознаат манипулациите и дезинформациите затоа што за нив е реално тоа што го гледаат со своите очи, иако визуелните содржини е сѐ полесно да се уредат и да се манипулира со нив. Конечно, влијанието на нивните контакти и пријатели го олеснува ширењето на дезинформациите, затоа што ако дезинформациите им се пратени или споделени од корисници на кои им веруваат, тие некритички ги прифаќаат како вистинити, вели тој.

На него се надоврзува и професор д-р Ана Фрицханд од Институт за психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, која вели дека причините за тоа лежат во достигнатиот степен на развој во целост, како и степенот на емоционална зрелост, потоа капацитетот за критичко мислење и филтрирање на важните од неважните (и штетни) информации, способноста да се разликуваат добри од лоши, односно правилни од погрешни постапки и однесувања, степенот на консолидираност на личниот вредносен систем, возрасниот период во кој се наоѓаат, степенот на развој на мозокот, степенот на оформеност на идентитетот и изложеноста на врснички притисок.

– Секој поединец се разликува од другите, а тоа е случај и со децата и адолесцентите. Во овие периоди од животот многу е важно со какви модели се идентификуваат, бидејќи се склони да го имитираат и да го повторуваат однесувањето на тие модели, кое доколку е несоодветно или насилно, може да претставува сериозен проблем. Воедно, во периодот на адолесценција интензивно се формира идентитетот и се одвива клучниот процес на индивидуализација, што само по себе претставува сериозна развојна задача што носи многу предизвици, вели таа.

Фрицханд појаснува дека периодот на рана адолесценција (12, 13 и 14-годишна возраст) е познат по високиот степен на конформирање со групните барања и норми, па адолесцентите честопати не покажуваат конзистентно морално однесување.

– Тоа во практика значи дека кога се во група и под влијание на врсниците, склони се да го прават тоа што сите го прават, дури и кога е во прашање однесување што авторитетите не би го одобриле и кое самите не би го манифестирале кога не би биле под будното око на врсниците. Исто така, периодот помеѓу 10-тата и 12-тата година, познат како предадолесценција, се карактеризира со значајни транзиции во развојот на мозокот и во продукцијата на хормоните на среќа (окситоцин и допамин), поради што почнуваат поинтензивно да бараат социјални награди, кои честопати се мерат преку бројот на лајкови добиени на поставените содржини на социјалните мрежи, вели д-р Фрицханд.

Оттука, дополнува таа, не е исклучено да повторуваат ризични постапки (познати како „предизвици“) и да ги поставуваат онлајн за да го проценат степенот на сопствената популарност преку бројот на добиени лајкови.

– Притоа, според нив, колку е поголем бројот на лајкови, толку е поголема популарноста и социјалната награда. Имајќи го сето ова (и уште многу други фактори) предвид, јасно е зошто децата и адолесцентите се ранливи и полесно подложни на манипулација во интернет-просторот. Токму затоа, клучен е квалитетниот однос со родителите/старателите, исполнет со доверба, меѓусебна почит, искреност и квалитетна комуникација во насока на превенција и заштита од ризиците по психичката благосостојба, кои извираат од неселективното и несоодветно користење на социјалните мрежи и интернетот воопшто, посочува таа.

Фрицханд вели дека доколку некритички и неселективно се пристапи кон прифаќање на сè што се презентира на која било социјална мрежа, тоа може да влијае штетно и негативно врз секој што ја користи.

– Тоа може да ги насочи размислувањата, верувањата, чувствата и ставовите кај дел од луѓето и да влијае врз одлуките што ги носат и однесувањето што го манифестираат. Притоа, колку се корисниците помлади, поради што се соочуваат со низа когнитивни ограничувања што ги носи достигнатиот степен на развој со возраста, последиците се дотолку поштетни. Кај возрасните поединци се очекува дека степенот на критичко мислење и корпусот на знаења и информации што се поседуваат е поголем, па оттука можат поподготвено да ги селектираат содржините што ги прегледуваат на социјалните мрежи и тоа што избираат да го читаат, гледаат и слушаат, вели таа.

Во однос на препораките, Фрицханд вели дека треба да се да се следат проверени и релевантни извори на информации, а потоа и да се проверуваат консултирајќи повеќе и различни релевантни извори, бидејќи на тој начин ќе се изгради пообјективна информираност за темите од интерес за поединецот.

– Кога станува збор за помладата популација, посебно децата што се во интензивен процес на развој, со сѐ уште неоформена структура на личност и идентитет, родителите/старателите треба да обрнат внимание на тоа за која цел тие ги користат електронските уреди, колку време поминуваат пред екраните и дали и кон какви содржини пристапуваат кога се онлајн, вели таа.

Фрицханд потенцира дека е особено важно децата да бидат добро информирани за негативните последици од изложеноста на содржини несоодветни за нивната возраст и за начините како да ја заштитат сопствената безбедност во интернет-просторот.

– Покрај ова, треба да имаат достигнато одреден степен на сознаен развој и на емоционална зрелост пред воопшто да пристапат на која било социјална мрежа.  Сето ова бара посветеност од родителите/старателите, како и нивна активна и континуирана вклученост во процесот на квалитетна комуникација со децата, преку која ќе им објасни кои се ограничувањата поставени пред нив и зошто се поставени соодветните ограничувања – смета таа.

Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески

Имајќи ги предвид штетните влијанија какви што се зависност, дезинформации, безбедност, ментално здравје и заштита на податоци, апликацијата е забранета за употреба од страна на вработените во државната администрација во 34 (од 50) земји во САД како и во повеќе држави во Европа. Во мај 2023 година, Монтана стана првата држава што го забрани Тикток на сите лични уреди во државата.

Ангела Рајчевска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииТикТок
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ