• Latest

„То вима“ го објавува „пакетот идеи“ на Нимиц за решение на спорот со името

February 5, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„То вима“ го објавува „пакетот идеи“ на Нимиц за решение на спорот со името

February 5, 2018 13:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новото име целосно да се усвои и за внатрешна и за надворешна употреба, но по интеграцијата во ЕУ; не постои задолжителна промена на уставот; Нимиц ја повторува клаузулата на неексклузивност за термините „македонски“ и „Македонија“ за економска употреба; новото име да се користи непреведено или преведно по избор на секоја страна;  ова се дел од точките од „пакетот идеи“ на медијаторот на ОН Метју Нимиц, што го објавува денеска весникот „То вима“, јавува дописникот на МИА од Атина,.  

– Според „То Вима“, во пакетот што Нимиц на 17 јануари го доставил до двајцата преговарачи, не е спомената задолжителна промена на Уставот на ПЈРМ за да се смени денешното уставно име  или други точки што според некои имаат иредентистичка содржина. Владата на ПЈРМ е надлежна да оценува кои ќе бидат „обврзувачките, веродостојни и неотповикливи национални процедури“ за спроведување на решението. Нимиц предлага двете земји одново да потврдат дека не негуваат територијални претензии  или барања (овој предлог е врз база на взаемност), како и за взаемно почитување на културното наследство, пишува „То вима“.

Според „пакетот идеи“ на Нимиц, како што пренесува весникот, усвојувањето на новото и конечно име што ќе биде ерга омнес, е поврзано директно и само со интеграцијата во Европската унија. Што значи дека уставно име ќе продолжи да биде во сила до влезот во Унијата. Истото ова, минатата седмица го објави и грчкиот весник „Катимерини“.

– Во однос на поканата за интеграција на ПЈРМ во НАТО, Нимиц истакнува дека до датумот на кој Скопје официјално ќе стане член на Северно-атлантската алијанса би требало бидат преземени сите неопходни мерки за да се уредат билатералните односи со останатите земји членки врз основа на новото официјално име што по азбучен ред ќе биде заведено под буквата М, пишува „То вима“.

Весникот, повикувајќи се на документот од медијаторот, ги потврдува информациите објавени во медиумите за петте предлози доставени до преговарачите на 17 јануари: „Република Горна Македонија“, „Република Северна Македонија“, „Република Вардарска Македонија“, „Република Нова Македонија“  и „Република Македонија (Скопје)“, но споменува и дека Нимиц е отворен и за други предлози. „То вима“, објавува дека медијаторот во неговиот текст како пример за да ги претстави неговите идеи го користи името „Република Горна Македонија“, нешто што неодамна предизвика шпекулации во медиумите дека за ова име се согласиле и двете страни.

– Во прашањата за националноста и јазикот (што претставуваат двата столба на идентитетот и предизвикаа тензии за време на неодамнешната посета на господинот Нимиц во Скопје и за она што го кажа скопскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров), специјалниот претставник предлага опција: словенската верзија „makedonski“  или опис врз база на официјалното име или  врз база на кратката верзија на името (на пр. Граѓанин на Република Горна Македонија), објавува грчкиот весник.

Во однос на економската употреба, Нимиц, според „То вима“, ја споменува „клаузулата на неекслузивност“ при употребата на изразите „Македонија“ и „македонски“ и ги повикува двете страни да дојдат до взаемен договор што ќе може да се спроведе на сите јазици за употребата на овие термини.

– Во врска со преводот на новото име како од двете инволвирани страни, така и од земјите членки на ОН или трети страни, тие ќе можат да го преведуваат според нивен избор или да го задржат непреведено – нешто што Атина го преферира  и нешто што веќе го има кажано преку министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, објавува весникот, пренесува МИА.

Додека, пак, во однос на спроведувањето на решението и опсегот на употреба, во „Пакетот идеи“ на медијаторот, според „То вима“, треба да се разгледаат повеќе комбинации.

– Спроведувањето на решението, според Нимиц, ќе произлезе од комбинацијата на доставувањето извештај на Генералниот секретар на ОН до Советот за безбедност, на резолуција што ќе се усвои по договорот во рамките на Советот за безбедност, ратификација на решението од Генералното собрание на ОН, на билатерален договор меѓу Атина и Скопје, но исто така и со „обврзувачки, веродостојни и неотповикливи национални процедури“ од страна на ПЈРМ „вклучувајќи озаконување во Парламентот и извршната власт и доколку се сметаат за потребни и други правно неопходни мерки“, објавува грчкиот весник.

Според „То вима“, во однос на опсегот на употреба, Нимиц предлага процес во неколку дела. Најпрво, усвојувањето на соодветната резолуција за новото официјално име од Советот за безбедност дека тоа ќе се употребува „во сите официјални мултилатерални меѓународни рамки, вклучително и состаноци, конвенции, договори и официјални документи.“  Потоа, дека нашата земја, ќе треба да направи „најдобро што може за новото име да се користи во официјалниот систем на Обединетите нации и  другите мултинационлни организации“. Во овој контекст, медијаторот, како што објавува „То вима“, додава и три забелешки:

-Прво, дека самиот термин Македонија во непреведена или преведена форма, Скопје нема да го користи како официјално име на државата во ниедна рамка. Второ, дека термините „поранешна југословенска Република Македонија “ и ПЈРМ ќе престанат да се употребуваат во контекст на Скопје. Трето – и како што се чини најважно – терминот Република Македонија (Republika Makedonija) ќе продолжи да се користи за внатрешна употреба сѐ до датумот на членство во ЕУ, пишува весникот.

„То вима“, јавува дописникот на МИА од Атина, ги анализира и предусловите и можните компликации што би произлегле, но и деловите за кои се потребни појаснувања од медијаторот.

– Нимиц потенцира дека дури и по интеграцијата во ЕУ ќе може да постојат исклучоци во употребата на новото име „erga omnes за сите официјални цели во внатрешно, но и на меѓународно ниво“. Кои се овие исклучоци? Кога „користењето е исклучиво за домашна употреба“ (во внатрешноста на ПЈРМ) и „кога домашната активност и документите“ што се поврзани „не се во рамки на надлежностите на Европската унија“. Сепак, господинот Нимиц, одбива да објасни на што точно се однесува тоа, зголемувајќи ја конфузијата. Ова е една точка што ќе бара сериозни појаснувања, бидејќи процесот на интеграција во ЕУ најчесто е долг и соседната земја треба да изоди долг пат на реформи, пишува весникот.

Дипломатски извори од Атина за „То вима“ коментирале дека „усвојувањето на решението навистина ќе биде постапно, но паралелно ќе бидат потребни конкретни гаранции во пресрет на интеграцијата на ПЈРМ во  НАТО“.  Додека, пак, извори од Алијансата рекле дека постои временски период што не е обврзувачки одреден од поканата за членство за една земја,  до нејзината конечна интеграција, иако праксата, според весникот, покажува дека овој период не е повеќе од четири месеци.

Новинарот додава дека големи европски земји членки на НАТО (Германија, Франција, Италија, Холандија и Шпанија), неофицијално, но интензивно, се резервирани во однос на нашето членство во НАТО „поради внатрешната политичка нестабилност“.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаИмињаМакедонијаНимицпредлозиспор
Share78Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ