„Русите егзекутираа 61 украински воен затвореник. Сите украински војници беа мачени во затвор на Русија,“ изјави главниот јавен обвинител на Украина, Андриј Костин, потврдуваат украински извори за ЦИВИЛ.
На фотографиите е Горилик Роман, виш контролор за безбедност на контролниот пункт во нуклеарната централа Чернобил, кој беше заробен на почетокот на целосната воена агресија, а беше дел од размената на воените заробеници пред пет дена. Тој, како и другите заробеници, бил ѕверски мачен во руско заробеништво. Многумина се егзекутирани или им подлегнаа на повредите од теророт на кој се подложени во руско заробеништво.
Неговата состојба е многу тешка и сведочи за тешко кршење на меѓународното право, пред сѐ, на Женевските конвенции, како и на сите морални и човечки принципи.
Џ. Д.














