И денеска тимот на ЦИВИЛ преку инфо-птанд, точно на пладне ги информираше граѓанките и граѓаните за проектните активности и како активно да се вклучат во нив.
Преку њуслетерите што содржат информативни содржини за работата и проектите на ЦИВИЛ, како и информации од интерес на јавноста, граѓанките и граѓаните беа поттикнати да поразговараат и дополнително да дознаат како можат да бидат во постојан контакт со активностите на организацијата и во тек со медиумските содржини на ЦИВИЛ Медиа.
Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и има цел да придонесе кон градењето слободни медиуми и слободно општество.