ЦИВИЛ продолжи со иницијативата секој работен ден, точно во 12 часот, во директна комуникација со граѓанките и граѓаните да ги промовира, а воедно и информира за проектните активности на организацијата.
Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и има цел да придонесе кон градењето слободни медиуми и слободно општество.
Проектот „Акција – Интеграција“, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, е за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
Инфо-штандовите ЦИВИЛ ќе ги одржува секој работен ден, во 12 часот во Скопје.