• Latest

Тони Зен: Уметниците треба да рашират идеја дека можеме сѐ да направиме!

June 22, 2016
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тони Зен: Уметниците треба да рашират идеја дека можеме сѐ да направиме!

June 22, 2016 17:59
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со популарниот музичар Тони Зен за „црните листи“ на уредниците н медиумите, за неговите песни и спотови кои ги нема на програмите на националните ТВ куќи, за улогата на уметниците и интелектуалците, за „субвенциите“ во македонската музика… „ Секогаш може да препознаеме дали е нешто вистина или не, по тоа што нема да го пуштат. Ако не го пуштаат, ќе имам малку гледаност, еве, ако не е толку експонирана и презентирана по медиуми, значи дека има нешто во неа, има некоја тежина која што, ете, им пречи на тие којшто пропагираат нивни концепт и нивна идеја“, вели Тони Зен

 

ЦИВИЛ Медиа: Зошто те нема на националните телевизии и кој те стави на „црна листа“?

Тони Зен: Не дека ме ставиле на црната листа, моментално, немам издадено песна со спот којшто има некоја тема што сакаат луѓето да ја слушаат и да ги забавува и уредниците, исто така, и телевизиите. Имам тема којашто, сега, дали зборува вистина или не, но очигледно дека – да, затоа што не практикуваат да пуштат такви песни. Мислам дека тоа е повеќе политика на уредниците, можеби тие имаат страв и се врзани со некого, кому му пречи таа тема да ја пуштаат. Имам едно искуство со една телевизија, не би спомнувал која, меѓутоа добив одговор дека политиката на уредниците, шефовите е да не пуштаат теми кои што обработуваат политичка, сатирична заднина, тема…

Од друга страна, добро е што е така, затоа што секогаш може да препознаеме дали е нешто вистина или не, по тоа што нема да го пуштат. Ако не го пуштаат, ќе имам малку гледаност, еве, ако не е толку експонирана и презентирана по медиуми, значи дека има нешто во неа, има некоја тежина која што, ете, им пречи на тие којшто пропагираат нивни концепт и нивна идеја.

Немам некое лошо искуство дека обработувам вакви теми, не е ова сега ни првпат, не сум ни прв, нема да бидам ниту последен, туку постојано имало и се обработувале вакви теми, сега, цената е таа, нема да ме гледаат како претходно што ме гледале, со некои видеа или песни што ги слушале којшто биле од забавен карактер. Ќе си има одредена клиентела или оние луѓе што навистина сакаат да слушнат, и да видат, и да чујат… Има луѓе што слушаат, има некои што не слушаат, без разлика колку е тоа квалитетно и има вложено труд. Мислам дека си го најде патот самата песна, темата, спотот ако збориме за „Под контрола“ и „Прљаво на Балкан“, тие песни конкретно ги одбегнуваат да ги пуштат на медиумите и добро е што е така.

13523743_1272486462779534_1620507483_o

ЦИВИЛ Медиа: Кој е твојот став за спонзорирањето на македонската музика?

Тони Зен: Конкретно за субвенциите, сметам дека државата требаше да застане зад уметноста уште одамна. Ова се случува во последниот период кога треба да добијат партиите, или тие луѓе кои што се во таа програма, во тој концепт и кои работат на тоа поле, па мора да добијат поени и така играат. Сè му нудат на народот за да му биде убаво, за да имаат поени, гласови од него. Тоа сите го прават, не само актуелниве политички партии, туку сите, сите, тоа е идеја, постоело отсекогаш, откако постои политиката, и таму стојат неколку ставки. Еве вака треба да играте со луѓето, вака се манипулира, вака се контролира и сега, овие ги земаат тие трикови и ги пласираат во јавноста и уметниците, музичарите, спортистите… и во секоја гранка, гледаат да најдат интерес. Исто и кај музиката – субвенционираат, помагаат демек, на уметниците, меѓутоа, помагаат на тие коишто играат по нивно. Немам ништо против, нема тука ништо лично, меѓутоа, можеби не стојам на страната на таа идеја, политика, и тоа како ја играат. Немам ништо против индивидуа, ги разбирам, они избрале така, јас сум избрал вака. Имам право на избор и тие имаат право на избор. Понатаму, ќе видиме како ќе тече играта, јас сум за тоа да има субвенции, требало отсекогаш државата да им помага на уметниците, ние имаме дефицит од тоа. Нема пари во музиката, во уметноста, многу музичари и индивидуи којшто можеби да имале пари да отворат студио или гаража да опремат, инструменти да купат…, би биле многу поуспешни, ако се вложувало во нив. Затоа, уметноста страдала отсекогаш кај нас, сега им текнува, меѓутоа  на погрешни места на погрешно поле садат нешто. Очигледно е тоа дека сум за субвенционирање на висински луѓе, на вистински човек да му да дадат, да му помогнат – што навистина е добро за општеството, за Македонија…

ЦИВИЛ Медиа: По „Под контрола“ песната и спотот „Прљаво на Балкан“ е втора која директно ги опишува состојбите во нашето општество и пошироко. Kои се твоите очекувања од овој проект?

Тони Зен: Очекувања… Како да кажам, се трудам, постојам, сега тоа ми е многу важно. Очекувања, на моменти – да, прелетувале мисли како ќе биде, што ќе биде, меѓутоа тоа ме оптоварува многу и само ми создава идеи и концепти коишто ѝ пречат. Многу ми е поубаво кога некој проект ќе го направам, само настојувам тоа да го реализирам и да го најде вистинскиот пат, сам по себе, бидејќи е дадено од намера. За разлика од тоа да имам сега некои очекувања, па да мислам како ќе испадне… Како ќе испадне – така, како ќе движи – така ќе движи, кој ќе го гледа – тој ќе го гледа, ако има добра критика е добро, ако има лоша критика е лошо…  Допира до вистинските луѓе, тоа е жива материја, нема крај. Очекувањата се само бариера, рамка, сакам да постои како што јас постојам, затоа што е од себе.

ЦИВИЛ Медиа:Политичките и општествените случувања секогаш биле инспирација за уметниците, во тој контекс, како ќе ја оцените македонската уметничка и интелектуална сцена, колку уметниците и интелектуалците во Македонија во периодов се општествено одговорни?

Тони Зен:  Одсекогаш биле, некои повеќе, некои помалку медиумски активни. Меѓутоа, тоа е основата на секој уметник – да биде општествено одговорен, да биде некоја урбана фигура, икона со којашто многу луѓе ќе се поистоветуваат, со неговата идеја, љубовта којашто никнува од тој уметник,  од тој артист. Има секаков вид на уметници и артисти и многумина има што работат за општествено добро, а многумина има и којшто не работат и не го мислат тоа така, туку ја гледаат како работа која што поминува и да стекнат слава или да бидат привилигирани, имунитет итн… Сум го почувствувал и јас тоа, искрено, сум ги почувствувал сите придобивки од тоа да бидеш популарен, меѓутоа, настојувам да го користам сето тоа за добро на општеството, не сакам да го искористам тоа в о негативна конотација. Ако треба да бидам пример, сакам да бидам пример во позитивна конотација, да му кажам на било кој дека штом можам јас ова да го направам, еве го патот – отворен е, оди го и ти ако сакаш да го направиш истото. Тоа е вистинската вредност на уметноста да се отвори патот да се изоди, да се пренесе на другите, и да се рашири таа идеја дека можеме буквално сѐ да направиме.

Марија Теговска

Камера: Дехран Муратов

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијамузикаОПШТЕСТВОТони ЗенуметнициЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ