• Latest

Тоска: Зелената агенда е реална, ја живееме секој ден

October 10, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Тоска: Зелената агенда е реална, ја живееме секој ден

October 10, 2023 13:34
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ги имаме законите, тука се, тие се компатибилни со европските директиви, но за жал, само поради еден елемент, има голем недостаток, вели Аријан Тоска,  директор на МДЦ-Ти.Нет, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

„Зелената агенда е реалност, ја живееме секој ден. Кога ќе излезам од дома, прва работа ми е отпадоците што ќе ги фрлам, се соочувам со фактот дека тука прекинува таа зелена агенда, иако ја имам во глава, заради тоа што тоа сме го работеле подолг период. Отпадоците не ги двоиме, и нема каде да ги одложуваме одвоено. Не сме сигурни дека тоа што ќе биде одложено, ќе заврши во циркуларната економија, и тоа е едниот елемент. Вториот елемент, во делот на транспортот, за жал, во Град Скопје, поголем дел од времето сме принудени да користиме сопствени возила за да стигнеме до одредени дестинации, иако кога е вакво убаво времето, можеме и пеш. Но, јавниот транспорт тука навистина недостига. Тоа се индикатори кои што ги гледаме од аспект на зелената агенда, кои што се доста негативни за Македонија.

Тоска се осврна и на биодиверзитетот и необезбедувањето услови за одржлив развој.

„Во делот на биодиверзитетот, кое го спомна заменик министерката, би сакал да кажам дека во еден поглед, нашите природни области се навистина сочувани, во споредба со другите околни земји. Но, од друга страна, имаме еден капитулирачки факт, дека во одредени области, каде што се наоѓаат овие природни и заштитени области, национални паркови итн., останати сме само со една третина од населението. Веќе го нема населението. Не сме обезбедиле услови за да има одржлив развој, за тоа население да може да преживее во рамки на она што го нуди природата, не оштетувајќи ја истата.

Циркуларната економија  се надоврзува со повеќе закони, од законот за управување со отпад, до законот за управување со отпадоци од пакување. И тука имаме одредени моменти коишто се аномалија во поглед на  тоа што го кажа Оџаклиеска, ги имаме законите, тука се, тие се компатибилни со европските директиви, но за жал, само поради еден елемент, има голем недостаток. На пример, во законот за управување со отпадоци од пакување, го имаме фактот дека немаме следливост на материјалот, иако имаме одлични резултати во поглед на тоа што се собира и што се обработува во државата“, посочува Тоска.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Ариан Тосказелена агендациркуларна економија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ