• Latest

Тепачки за билдање патриотизам во време на избори!

October 20, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тепачки за билдање патриотизам во време на избори!

October 20, 2017 11:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Демолирани автобуси во Бит Пазар во кои се превезуваа ‘Комитите’“, „Шверцерите ги каменуваа Комитите“, „Дојде живот, и почнаа Шиптарите да ги тепаат Македонците на сред Бит Пазар“, „Гласајте пак за ‘живот’“…, ова беа само дел од вчерашните наслови на одредени портали и коментари на социјалните мрежи, за вчерашната тепачката што се случи на Бит Пазар, во која беа повредени тројца луѓе, кои со возила на итна медицинска помош беа префрлени во Ургентен центар.

Навивачката група „Комити“ откако меѓусебно се степале на западната трибина додека траеше натпреварот, помеѓу Вардар и Реал Сосиедад, кој се одигра во рамки на Куп на УЕФА, (меѓутоа натпреварот не беше прекинат ниту интервенирала полицијата да ги раздели), тепачката ја префрлиле во автобусот на ЈСП со број 50, но овојпат тепале обични граѓани.

„До полицијата било пријавено дека на постројката за автобуси, кај 26-ти Јули, односно на Бит Пазар, на вториот кат од автобусот неколку луѓе се степале, а потоа тепачката продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус број 20“, се наведува во соопштението на МВР.

„По отворањето на вратите на автобусот, тепачката продолжила на самата постројка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Полицијата привела едно лице, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството“, велат од МВР.

Меѓутоа останува отворено прашањето, на кого му одговара во овој период да има инциденти? Во изминатите години бевме сведоци дека секогаш пред избори се користеа младите, особено навивачките групи да прават нереди и тепачки во автобусите, улиците, училиштата… На тој начин претходната власт играше на национална карта и креираше лажна слика дека има меѓуетнична нетолеранција. Деновиве се уапсени неколку лица кои беа учесници во инцидентите на 27 април во Собрание, уапсени се и началниците на ДБК кои ги бараше полицијата со потерница… Дали институциите ќе дозволат да има нереди и да гинат млади луѓе, само колку да се префрли фокусот и вниманието од вистинските проблеми…?

Дехран Муратов

Tags: автобусиВардарКомититепачка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ