• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Трагедијата на Сирија

February 11, 2023
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Трагедијата на Сирија

February 11, 2023 12:09
in ЕДИТОРИЈАЛ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 80 години, уште еднаш ја покажа длабоката поделеност на светот. Во моментот кога се подготвува овој текст, бројот на жртвите е преку 24.000 и десетици илјади повредени. Спасувањето на оние што останаа заробени под урнатините е тешко, на моменти хаотично, а на многу места е невозможно – нема доволно луѓе, механизација, вештини… Згора на сета трагедија, во погодените региони се бележат ниски зимски температури. Често се губи трката за спасување на човечки живот повеќе.

Трагедија од која се кине срцето. Кога ги гледам снимките и фотографиите од разурнатите подрачја, ме опфаќа силно чувство на немоќ. И восхит, од несебичноста и пожртвуваноста на спасувачите и сите што поитаа да помогнат на било кој начин.

Помошта на настраданите во Туркије пристигна од самата држава и од целиот свет. Но што е со Сирија? Земјата е веќе разорена од крвава и деструктивна граѓанска војна што трае повеќе од една деценија. Во северните делови каде што земјотресот ги разурна и оние места каде што воената деструкција не стасала, повеќе од четири милиони луѓе живееја со последиците од тешка хуманитарна криза која трае со години.

Новинарските екипи кои пристигнаа во разурнатите подрачја во Сирија, известуваат дека првите четири дена и ноќи по силните потреси, воздухот бил исполнет со крикови, лелек и повици на помош. Најгласни биле жените, мајки, сестри и сопруги на жртвите што останале под урнатините. Нивните извици биле измешани со заглушувачките звуци на уривањата и поместувањата на почвата во последователните потреси. Петтиот ден, се вели во еден извештај, криковите и потресите стивнале. Тие што биле под урнатините се предале, тие што барале помош и безнадежно копале по урнатините со голи раце – го изгубиле гласот и силата.

На ова заборавено и со крв натопено парче од планетата, северозападна Сирија, контролата е во рацете на вооружени групи, за некои бунтовници и револуционери, за други терористи. Таму не пристигнаа меѓународни спасувачи.

Не пристигнала ниту една пратка со лекови против болки за преживеаните, а залихите се на нула, се вели во извештаите. Само десетина километри подалеку, преку границата во Туркије, од првиот ден се слеваат илјадници тони хуманитарна помош. Тимови за спасување пристигнаа дури и од далечниот Тајван. Што е за максимална пофалба. Тоа што боли е отсуството на хуманост за милионите луѓе на само десетина километри од границата. Како да се невидливи.

Но Сирија, поделена и измачена од воени разорувања, остана изолирана, оставена сама на себе, да ги расчистува урнатините и да се бори за човечките животи. Како да не беше доволно тоа што животот на Сиријците се состои во постојано влегување во нови кризи, уште потешки од претходните, соочени со глад, смрт и раселување.


 Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: земјотресСиријаТуркијехуманитарна помош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ