• Latest

Трајко Славески решавање на проблемот во Скопје гледа во нови вработувања

August 22, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајко Славески решавање на проблемот во Скопје гледа во нови вработувања

August 22, 2024 15:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советничките групи во Советот на Град Скопје на наредната седница на Советот на 29 август ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица,  како и средства за ЈСП  со пренамена од друг проект со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси, изјави претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.

На денешната средба за координација во Град Скопје на која присуствуваа координаторите на советничките групи Славески посочи дека градоначалничката Арсовска дошла со директорите јавните претпријатија Паркови и зеленило, Комунална хигиена Скопје и ЈСП Скопје, надлежни за областите кои се најгорливи во Скопје чистота во градот Скопје и јавниот превоз. Директорите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило со оглед дека се нови на функцијата, само 10 -тина дена, не можеле да дадат конкретни одговори на прашањата, и останало дополнително советници да бидат информирани за прашањата што ги поставуваа.

-На состанокот од јавните претпријатија беше нагласено дека им е потребна дозвола за набавка на нова механизациоја, опрема и др. Јас забележав дека нивните инвестициски планови се одобрени од страна Советот на Град Скопје уште на почетокот на годината, како и во претходните години и се поставува прашање што правеа кога ни кажуваат дека во просек возилата и опремата им се стари над 20 а во некои групи и 30 години, вели Славески.

Во однос на јавниот превоз во Град Скопје, кажа дека и на средбата во понеделникот било констатирано дека на краток рок не може да се изврши набавка на нови автобуси кои би го зголемиле возниот парк, но и дека добар дел на возниот парк е нефункционален. Повтори дека од Владата била изразила подготвеност дека дел од средствата кои се неискористени а се наменети за инфраструктурен проект во Град Скопје промптно да се префрлат на сметката на Град Скопје за рехабилитација на одреден број на автобуси што не се во функција, во пресрет на почетокот на новата учебна година.

-Затоа што овде имаме две  клучни дати, едната е 1 односно 3 септември кога е почеток на учебната година, за основците и средношколците и мала пауза додека студентите не се вратат  на факултетите. Според проценката на директорот дури 30 автобуси би можеле да бидат поправени и да се стават во функција доколку овој договор околу префрлањето на средства од страна на Владата и започнување на сервисирање на оној долг од осум милиони евра што претходната Влада го направи кој ЈСП, рече Славески.

Тој изрази очекување дека од 1 септември  јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакуваме.

-Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот.

Прашан за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска ги повика советниците да ги поддржат плановите на Град Скопје, Славески повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно. Во однос на БРТ системот, потсети дека претседателот на Владата во понеделник изрази сомнеж дека за кусо време советниците би дале дозвола за продолжување на овој проект. /МИА

Tags: автобусивработувањаГрад СкопјеДанела АрсовскаЈСПКомунална хигиенаТрајко Славески
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ