Во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Горан Трајков, активист на Здружението на текстилни и кожарски работници „Гласно“ од Штип, се фокусираше на ширењето на лажни вести што го корумпираат општеството и ги дезинформираат граѓанките и граѓаните.
Трајков, исто така, ги истакна проблемите и притисоците со кои тој и неговата организација се соочиле во нивното дејствување.
„Слободата на изразување мора да подразбира и одговорност. Одговорност значи дека мора да знаеме како да комуницираме и што пласираме во јавноста. Во овие десетина години, а можеби и повеќе сведоци сме на преплавени со лажни вести и информации. Со тоа граѓаните се доведуваа во заблуда, а и ние како активисти имавме проблем и бевме збунети дали нешто е вистина или не, за да можеме да продолжиме со нашата работа…“ изјави Трајков.
Маја Ивановска
Камера: Биљана Јордановска
Фотографија: Горан Наумовски