Се очекува Доналд Трамп да го промовира новиот мировен план за завршување на војната меѓу Израел и Газа за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.
Но, како што пренесува Би-би-си, Нетанјаху вели дека ништо не е „финализирано сè уште“, додека Хамас вели дека официјално не му е испратен предлогот
Израел е под зголемен глобален притисок да го прекине конфликтот и окупацијата на Западниот Брег
Американскиот претседател претходно нагласи дека „нема да дозволи“ Израел да го анектира Западниот Брег окупиран од Израел
Ова доаѓа во време кога бран западни земји – вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Канада и Австралија – формално ја признаа независната палестинска држава.
Д. Мишев