• Latest

Трамп не престанува да го шокира светот!

January 31, 2017

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп не престанува да го шокира светот!

January 31, 2017 13:56
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По потпишувањето на декретот со кој државјаните од Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сомалија, Судан и Сирија не можат да добијат виза за влез во САД во наредните 90 дена, американскиот претседателот Трамп продолжува со контроверзни потези, не покажувајќи загриженост за реакциите 

Доналд Трамп почна да се пресметува и со своите неистомисленици. Најпрви, ја отпушти генералната обвинителка и министерка за правда, Сели Јејтс, обвинувајќи ја дека врши предавство кон Министерството за правда. Овие обвинувања против министерката, уследија по нејзиното одбивање на указот на Трамп за заштита на граѓаните на САД. За нов вршител на должноста на овие функции, Трамп привремено го назначи Дејн Боент, кој ги стави вон сила инструкциите на Јејтс.

По отпуштањето на министерката, Трамп го отпушти и вршителот на должноста раководител на Службата за доселување и царина, Даниел Регсдејл.

Во меѓувреме, државниот обвинител на американската држава Вашингтон, Боб Фергусон најави дека ќе го тужи претседателот Трамп поради указот за контрола на миграцијата, со што Фергусон е официјално и првиот државен обвинител кој покренува тужба против Трамп. Фергусон е еден од шеснаесетмина државни обвинители, кои оценија дека одлуката на Трамп е „неамериканска и незаконска“.

Уште една од низата шокантни одлуки на Трамп е најавата дека САД ќе ја смени политиката во однос на климатските промени и ќе се повлече од Договорот за смалување на емисијата на стакленички гасови. Тој уште во својата кампања вети дека ќе ја зголеми експлоатацијата на нафта, гас и јаглен во САД, како и дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор за борба против климатските промени.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во изјавата во Талин, Естонија, ги смести САД на чело со претседателот Доналд Трамп меѓу „надворешните закани на ЕУ“. Според Туск, промената на власта во Вашингтон, особено ја става ЕУ во тешка ситуација, зашто „новата администрација навидум сака да ги доведе во прашање последните 70 години од американската надворешна политика“

 

 

Tags: Боб ФергусонДоналд ТрампмигрантиМинистерство за правдаодлукаотпуштањеСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ