• Latest
Добро утро со Орданоски

Трамп од нашето маало

November 12, 2020

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Трамп од нашето маало

November 12, 2020 08:47
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Кога политиката ќе стане култура – кога политичките конфронтации ќе се станат доминантно вредносно обележје во една заедница – тогаш граѓанската војна станува само прашање на стек на околности и на несреќна шанса.

Тоа е така, бидејќи таквите општества не се поларизираат само по рационалната линија на спротивставените политички понуди, туку пред сè во сферата на емотивните, вредносни линии на поделби, кои тешко се контролираат, а лесно се манипулираат и брзо се разгоруваат.

Тогаш не е повеќе важно кој е, фактички, во право и чии аргументи се подобри; туку дали тој што зборува е „наш“ или „нивен“. (За полесно разбирање, одгледајте само едно издание на, на пример, претенциозно насловената „Само вистина“ на Канал 5…)

Тогаш разликите стануваат радикални и рационално непремостливи. Политичкиот опонент не е само некој со различно мислење, туку е зол непријател и предавник на вредностите на „мојата“ заедница. Тој не треба политички да се порази во нормален демократски изборен натпревар (или во ТВ-дебата!), туку треба да се елиминира, да се поништи, да се истреби.

Тоа е веќе состојба на необјавена граѓанска војна, а прашањето за тоа кога ќе се употреби и оружјето, е само техничко, практично прашање. Прашање на несреќна шанса и стек на околности.

Трамп не лаже кога вели дека победил на изборите во САД. Бидејќи тој има мнозинство од освоените гласови на изборите во САД во онаа Америка како што тој ја разбира: како земја на некогашното мнозинство од бело население, главно без повисоко образование и со превладувачко рурално место на живеење, во кое средовечните бели мажи раководат со општеството, на кои им е отежнато обезбедувањето (да, со напорна и чесна работа) на пристоен живот за своите жени и семејства, во која се јадат хамбургери и големи говедски кременадли, во која поседувањето автоматско оружје е свето граѓанско право, во која правата на жените (понекогаш) се разговараат доцна навечер кога децата се легнати, а сексот се практикува само меѓу двата различни пола.

Тоа е евангелистичката Америка што полека исчезнува, но на која Трамп потроши четири години од својот претседателски мандат за да ја направи „great again“ – во таквата Америка, Трамп, навистина, победи на изборите!

За таа Америка, Трамп е „морална и патриотска планина“, човекот кој имаше храброст да го предизвика „статус-квото“ на либералната демократија и да почне да го „суши мочуриштето“ на вашингтонската владејачка елита.

И дотолку полошо за „другата“, реална, мнозинска Америка – онаа мултирасна, мултиетничка, мултикултурна, мултисексуална итн. – која објективно постои вон убедувањата на „трампизмот“. Која за Трамп мисли, а презентираше и бројни докази, дека е роден лажго, автократ, мизогин, расист, криминалец по бројни законски основи итн.

Но, тоа различно разбирање на реалноста веќе не е политичко, туку прашање на, велам, културата што ја произведе (добро, можеби и само опортунистички се „налепи“ на неа) Трамп во својот лојална база на поддржувачи. Еден значаен дел од нив се подготвени (а и добро вооружени!), да ја бранат „вистината“ на Трамп за неспорната победа во „нивната“ Америка.

Затоа, Трамп нема намера – како што, загрижено и подуплашено, се надеваат голем број на коментатори – да ги пребројува гласовите на неодамна завршените избори во САД, за да ја провери легитимноста на изборната победа на Бајден. Тој има намера да остане на власт, по секоја цена, во што пребројувањето на гласовите е само купување време додека не се изгради некаков маневарски простор, механизам – на пример, „правно“ поништување на изборите од страна на Врховниот суд на САД, во кој тој има мнозинство од 6-3 на седечките судии на своја страна – што ќе му овозможи изговор за ненапуштање на власта.

Но, гледате, во Вашингтон нема „американски амбасадор“ кој би му кренал телефон на Трамп за да го предупреди дека, доколку не го прифати резултатот од демократските избори, во перспектива, на пример, нема да му биде дозволено ни бегство во Будимпешта. Напротив, и републиканските партиски првенци се скриени како глувци во плевна, мизерно калкулирајќи со своите политички кариери доколку зад сцената, а не пак јавно, му се спротивстават на претседателот.

Во Америка, по 200 години демократија, веќе нема ни демократски институции за кои може со сигурност да се тврди дека имаат волја, а потоа и капацитет, решително да му се спротивстават на Трамп. Дотолку повеќе што Трамп е претседател со сите овластувања до почетокот на јануари – па, штотуку го (цитирам) „елиминира“ својот министер за одбрана заради непристојни барања што овој ги одбил, а за што веројатно ќе читаме во некои идни бестселер мемоари…

Што сакам да кажам?

Сакам да кажам дека треба да се подготвиме за „револт на популистите“, предводени од Трамп, кој може да заврши со насилен упад во Конгресот, со развеани американски знамиња, со оперетско пеење патриотски песни, со многу оружје и цивили со маски и во маскирни униформи, со тепање на таму затечените конгресмени, сенатори и „фејк-њуз-новинари“… Трамп ќе произведе криза, ако треба и безбедносна, за да преговара за своето останување на власт, во името на „Америка“ за чијшто победнички претседател, искрено, се прогласи.

Не велам дека ќе му успее. Но, не се залажувајте дека нема да се обиде.

Господ да ја чува Америка! (Ако можат да се договорат „кому му припаѓа“ тој Господ…)

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ