Американскиот претседател Доналд Трамп упати, како што рече, „последно предупредување“ до Хамас да ги ослободи заложниците кои се држат во Газа, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
„Испраќам на Израел сè што му е потребно за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не постапите како што велам“, рече Трамп во долгата објава на неговата платформа „Truth Social“.
Ова доаѓа само неколку часа откако Белата куќа потврди дека води директни разговори со Хамас за заложниците.
Вашингтон досега избегнуваше директен ангажман со групата и постои долготрајна американска политика против директен контакт со ентитетите што ги наведува како терористички организации.
Подготви: Д. Мишев