• Latest

Транспорт и врски со остар демант за објава на ТВ Телма за Коридорите: Најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста

April 23, 2023

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Транспорт и врски со остар демант за објава на ТВ Телма за Коридорите: Најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста

April 23, 2023 17:55
in ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите објавени од страна на телевизија Телма кои се однесуваат на изградба на Коридорите 8 и 10 д.

Во објавата на нивната веб страна во која стои дека „Министерот Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон Изведувачот“, најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста.

Потврдуваме дека министерот Бочварски во својата изјава на која присуствуваа и други национални медиуми, токму на прашање на новинар на телевизија Телма, изјави:

„Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека 22 април е старт каде што изведувачот започнува со изработка на проекти, на урбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштето кое што е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постоечката состојба на трасата. Да се види каде има подземни, надземни инсталации кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички, геомеханички истражувања бидејќи без такви квалитетни анализи кои што претходат на почетокот на градбата, верувајте ќе имаме големи проблеми и одлагања на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект.

Заради тоа чекор по чекор сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите навремено, брзо и ефикасно бидејќи граѓаните повеќе време за губење немаат. Јас верувам и Вие треба да ги прашате граѓаните на Прилеп и на Битола на Тетово, Гостивар Кичево, Струга и Охрид во каква инфраструктура сакаат да патуваат и дали таа треба да ја очекуваат во наредните 15 -20 години или тоа треба да го направиме час поскоро.

Што се однесува до исплатата на средствата, досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на Владата и државата кон ЈПДП а потоа и кон изведувачот и ќе биде објавен на сајтот на јавни финансии.

За прашањето за пеналите го апсолвиравме и одговоривме, а ви кажав дека немаме исплатено ниту средства за авансот сѐ уште. Така што, во однос на ова прашање ви дадов одговор“, изјави министерот Бочварски.

Апелираме, во интерес на јавноста и етичноста на новинарската професија, да се почитува начелото на професионално информирање на јавноста се со цел таа да биде навремено и доследно информирана, се вели во реакцијата на министерството за транспорт и врски.

М. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ