• Latest

Треба да имаме уво за пораките на Штајнамер: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки

November 30, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Треба да имаме уво за пораките на Штајнамер: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки

November 30, 2022 12:19
in АНАЛИЗИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран Бојаровски

Треба да имаме уво за пораките на претседателот на СР Германија Франк-Валтер Штајнамер кој вчера на прес конференцијата со претседателот Пендаровски и во неговото обраќање во Собранието ни порача: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки.

Страста што ја препорачува Штајнмаер беше проткаена и низ неговиот јавен настап и говор на прес конференцијата со претседателот Пендаровски, како и во Собранието, колку и да е тоа необично за еден политичар и тоа германски. Таква страст, кога доаѓа од личност којашто е олицетворение на државата која е во врвот на држави стратешки партнери на нашата земја, треба да ја прифатиме не само како израз на дипломатска почит и куртоазија, туку и како искрена пријателска порака.

Затоа како искрена намера треба да се прифати сликата што ни ја претстави германскиот претседател Штајнмаер кога рече дека Европската Унија без Северна Македонија и без Западен Балкан не е целосна, и дека пристапниот процес ќе да донесе конкретни подобрувања за Македонците и Македонките и за луѓето од регионот.

„Свесен сум дека патот кон ЕУ не е лесен. Дека довербата и трпението во макотрпните преговори ќе бидат оптоварени некогаш и преоптоварени. Сепак мојата молба до вас пратениците во Собранието, но и до сите граѓани – е продолжете да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри“, ни порача Штајнмаер.

Германскиот претседател многу добро е запознаен со претходната, но и со современата историја од независноста на нашата земја и затоа со посебно внимание и со одбрани зборови говореше за исклучителното значење за постигнување национален консензус во овој, уште еден важен момент од градењето на нашата земја како држава со европски вредности, претендент за членство во моќниот политички и економски сојуз како што ЕУ.

Претседателот на СР Германија заложбите за што поскоро интегрирање на Северна Македонија во ЕУ го стави и во контекст на безбедносните закани од војната во Украина и истакна дека на нашата земја се гледа како на „сигурен партнер за Украина“.

„Неизмерно е важно со оглед на војната во Украина да сме во сигурни партнерства, да бидеме еден покрај друг, меѓусебно да се засилуваме, да се поддржуваме. Гледаме како Русија насилно сака да помести граници, како се обидува да им ја наметне својата власт на украинските граѓани. 24 февруари оваа година означи крај на една епоха. Не втурна во едно друго време. Во една несигурност која се веруваше дека е надмината“, нагласи Штајнмаер.

Штајнмаер со почит и внимание истакна дека тој многу добро знае дека потребната уставна измена за внесување на Бугарите во Уставот ги допира луѓето и дека некои од нив на тоа гледаат како прашања важни за националниот идентитет, историја и култура. И уште порача дека не е спорно тие дебати да се водат со страст и дека граѓаните на земјата решаваат како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и како треба да изгледа во иднина, „онака како што тоа го правите од пред 30 години и онака како што тоа го формулираше македонскиот писател Блаже Конески кога кажа и напиша ‘јазикот е нашата татковина’“.

„Сигурен сум дека повторно ќе дебатирате со страст и самоуверено, но кај оваа уставна промена станува збор за повеќе од собирање на поени во внатре политичка дебата. Станува многу повеќе од партиско политичко или лично профилирање. Сега не е време да се западне во поедноставени формули со националистички призвуци“, нагласи германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

На прес конференцијата кај претседателот Пендаровски Штајнмаер порача дека сега е време да вниманието да го посветиме на темите од иднината наместо на минатото, а на новинарско прашање зошто не се среќава со лидерите на опозицијата нагласи дека во Собранието ќе се сретне со пратеници од сите партии со што темата за нашите евроинтеграции ја лоцираше во институциите, а не во партиските седишта.

Тој од позиција на искрен и вистински пријател им порача на пратениците од сите партии во Собранието.

„Мојата молба е – не ја губете следната цел, тоа што е стремеж 17 години – пристапувањето кон ЕУ. Сигурен сум дека на патот кон Европа вреди да се направи уште еден тежок чекор“, истакна Штајнмаер.

Со желба за најискрена поддршка германскиот претседател не пропушти да ја истакне и трпеливоста и храброста на граѓаните на Северна Македонија и во претходни клучни моменти да покажата „енормна политичка храброст“, како што оцени тој, и потсети на големите одлуки какви што беа Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор со Грција.

„Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор со Грција, покажуваат дека вашата земја го владее она што можеби е најтешката задача во демократијата воопшто – да се водат болни дебати, да се разрешуваат конфликти, да прифаќа компромиси и на тој начин да решава проблеми со далекусежно значење за нацијата“, потенцираше Штајнмаер.

Повторно како искрен пријател, германскиот претседател потсети на нашите останати домашни обврски како што се заокружување на реформите во правосудството, борбата против корупцијата и модернизацијата на јавната администрација.

Претседателот на СР Германија Франк-Валтер Штајнмајер имаше значајни пораки и за билатералните односу меѓу двете земји и најави дека тие и понатаму ќе бидат во подем. Тој потенцираше дека Северна Македонија за неговата земја е значаен економски партнер во која работат преку 200 фирми со германски капитал кои се вбројуваат меѓу најголемите  работодавачи со околу 20.000 работници.

Штајнмаер истакна дека неговата посета на првиот ветерен парк на Западен Балкан во Богданци изграден со германска поддршка е во име на интензивирање на соработката меѓу двете земји во проекти од Зелената Агенда и ја истакна инвестицијата во нов ветерен парк Вирови вреден околу 500 милиони евра на германската компанија WPD, кој со електрична енергија ќе снабдува 290.000 домаќинства.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ