• Latest

Тренчевска: Инклузијата на децата Роми во предучилишниот процес е клучна за нивниот натамошен развој и вклучување во образовниот систем

June 13, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Тренчевска: Инклузијата на децата Роми во предучилишниот процес е клучна за нивниот натамошен развој и вклучување во образовниот систем

June 13, 2022 15:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата денеска се одржа презентација на постигнатите резултати на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“, на којa воведно обраќање имаше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, пренесува МИА.

Во своето обраќање пред присутните градоначалници, директори на детски градинки и претставниците од Ромскиот Образовен фонд (РЕФ), министерката Тренчевска го потенцираше значењето на образованието во раното детство кое игра клучна улога во развојот на децата и има значајни позитивни социо-економски ефекти врз целото општество, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Еден од приоритетите на Владата и Министерството за труд и социјална политика е еднаков пристап и инклузија на сите деца во воспитно-образовниот процес без разлика на полот, етничката припадност, социо-економските и културолошките разлики, како и различните здравствени и посебни потреби. Инклузивноста претставува комплексна определба која произлегува од суштината на Конвенцијата за правата на детето, секое дете да добие еднакви шанси во развојот и можност да биде рамноправен член на заедницата, рече Тренчевска.

Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот Образовен Фонд од Будимпешта, единиците на локална самоуправа и јавните општински установи-детски градинки, почнувајќи од 2006  година. Целта на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од три до шест години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца, информираат од Министерството.

 

Во текот на овие 16 години од имплементацијата на проектот беа вклучени бесплатно околу 5.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, беа ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца и го олеснуваа процесот на интеграцијата на ромските деца во детските градинки и повеќето од нив се веќе во редовен работен однос, а некои се ангажирани со договор на проект. Покрај негувателки ангажирани се и 17 медијатори кои работат со договори на проект во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим. Важно е да се напомене дека ромските деца не беа сместени во сегрегирани  групи во градинките, туку во интегрирани групи заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.

На настанот беше истакната успешноста на овој проект и неговата клучна улога во процесот на образованието на Ромите и намалување на јазот помеѓу Ромите и останатите етнички заедници во делот на образованието. Воедно, овој проект придонесе и за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, кое значително го подобрува развојот на децата Роми и вклучувањето во образовниот систем, стои во соопштението од МТСП.

– Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во учебната 2021-2022 година“ е имплементиран во 21 општина. Министерството за труд и социјална политика потпиша   трипартитни договори со 21 општина и 21 Детска градинка. Заклучно со јуни 2022 година,  опфатени се  вкупно 264 деца од предвидените 415 деца, информираше Тренчевска.

Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика кое ги постави темелите на овој систем продолжува да работи на реформата, на подобрување на квалитетот на предучилишното образование и на јакнење на капацитетите на кадарот кој се грижи за децата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ