• Latest

Тренчевска: Минимална плата до 18.000 денари во најкус можен рок, отворање дебата за промена на системот на усогласување на пензиите

January 27, 2022

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Минимална плата до 18.000 денари во најкус можен рок, отворање дебата за промена на системот на усогласување на пензиите

Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за минатата година бил реализиран 96,4 отсто, а со него биле опфатени 11 292 лица. Вкупно се реализирани средства во висина од 1 милијарда и 495 милиони денари. Од нив 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.

January 27, 2022 14:11
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Заложба на Владата е минималната плата во износ до 18 илјади денари да се покачи во најбрз можен рок, а до 20 илјади денари до крајот на нејзиниот мандат, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Сепак, таа не прецизира кој би бил најкусиот рок за покачувањето на минималната плата до 18 илјади  денари, туку истакна дека прво треба да се постигне договор со социјалните партнери за да се дојде до решение кое ќе биде во интерес на сите засегнати страни.

– Ќе отвориме дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет со социјалните партнери, со синдикатите и со работодавачите. Целта ни е преку тој дијалог да дојдеме до најповолното решение и за работниците и за работодавачите. В понеделник имаме состанок со синдикатите заедно со вицепремиерот Битиќи и со министерот за економија. Ќе го отвориме прашањето в понеделник и се надевам дека ќе дојдеме до решение кое што ќе биде поволно и за синдикатите и за Владата и за работодавачите, рече Тренковска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, пренесува информативната агенција МИА.

Таа не можеше да прецизира што значи „најкус можен рок“ за изнаоѓање решение и за покажување на минималната плата.  

– За тоа се води дијалог со социјалните партнери со коишто ќе отвориме дебата, да видиме и за двете страни кој е тој рок што одговара. Се надевам дека во текот на февруари ќе се свика и Еконономско-социјалниот совет на којшто ќе зборуваме за покачувањето на минималната плата, рече Тренчевска. 

 Министерката  Тренчевска најави и отворање дебата за промена на системот на усогласување на пензиите, нешто што го бара Сојузот на здруженија на пензионерите. 

– По однос на иницијативата на Сојузот на пензионерите сакам да истакнам дека дел од Програмата на Владата е промена на овој систем за усогласување на пензиите за што ќе отвориме и експертска дебата. Оваа дебата ќе ја отвориме час поскоро со експертската јавност, со сите заинтересирани страни за да дојдеме до решение со кое што ќе го подобриме статусот на пензионерите во однос на нивните примања, рече Тренчевска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Министерката за труд и социјална политика најави дека експертската дебата Владата ќе ја отвори во првиот квартал од годината. 

Пензионерите бараат промена во усогласувањето на висината на пензиите, односно во системот да биде вклучен и растот на просечната плата.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека е задоволна од реализацијата на Оперативниот план, особено, поради тоа што, како што истакна,  таа се одвивала во услови на пандемија.

Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за минатата година бил реализиран 96,4 отсто, а со него биле опфатени 11 292 лица. Вкупно се реализирани средства во висина од 1 милијарда и 495 милиони денари. Од нив 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.

-Реализацијата на Оперативниот план во 2021 година покажа кои мерки се најатрактивни и за кои се покажа најголем интерес, и така врз основа на тоа се планира и планот за годинава кој е во завршна фаза, а е во износ од 28 милиони евра. Како Влада и како ресорно министерство  продолжуваме посветено да работиме на креирање политики и мерки со еднаков пристап за сите граѓани со цел зголемување на вработливоста и отворање нови работни места согласно потребите на пазарот на труд, рече Тренчевска.

 

Таа појасни дека има 100 процентна реализација на мерките за самовработување, со кои се вработени 1877 лица, како и голема реализација на поддршката за креирање работни места за потешко вработливи лица со која се вработени 2194 лица. Целосна реализација, рече Тренчевска, има и на обуките за дигитална писменост и вештини.

Над 90 проценти реазлизациија има и за мерката практиканство, наменета за млади и невработени лица, за која се издвоени 29 милиони и 705 илјади денари. Натфрлање во реализацијата има за мерката младински додаток за вработување лица до 23 години во индустрија или земјоделство, каде наместо планираните 2500 илјади лица се опфатени 3787 лица. Според неа, добра е и реализацијата на мерката гранција за млади во која се вклучени 19 298 лица, од кои 74,8 отсто жени. Од вкупниот број 35,2 отсто се вработени во период од 4 месеци.

Директорот на Агенцијата, Беким Мурати на денешната прес-конференција истакна дека и покрај сите предизвици од минатата година, институцијата со која раководи заедно со партнерите успешно обезбедила висока реализација на Оперативниот план за вработување.

Мурати нагласи дека Агенцијата е во секојдневен контакт со корисниците на планот, преку своите 30 центри за вработување и излегува во пресрет на нивните барања и потреби. Тој посочи дека високата реализација на Оперативниот план за минатата година покажува оти бил во согласност со потребите за оние за кои е наменет, односно за невработените лица и работодавците.

– При имплементација на програмите и мерките за вработување што беа дел од оперативниот план, беа испочитувани трите главни принципи, односно принципите за справување со негативните ефекти и последици на пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од КОВИД-19, принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор, согласно принципите на правична еднаква застапеност на етничката, половата, религиозната или која било друга ранлива категорија на граѓаните како и поттикнување на рамноправниот регионален развој и степен на развиеност на планските региони во согласност со податоците од Бирото за рамноправен регионален развој, додаде директорот на Агенцијата.

 

Согласно податоците на Агенцијата за вработување, најатрактивна програма минатата година била програмата за самовработување што претставува поддршка наменета за невработените лица да започнат сопствен бизнис.

Беким Мурати, Директор на Агенцијата за вработување

– Оваа програма бележи стонастотна реализација и преку неа со сопствен бизнис отворија 1877 лица од кои 36,6 отсто се млади до 29 години. Новите претприемачи најчесто се одлучуваат за отворање на бизнис во дејноста трговија на големо и мало, преработувачка индустрија, градежништво и објекти за сместување како и сервисни дејности за храна. Работодавците покажаа голем интерес за учество во програмите за поддршка за креирање на нови работни места чија цел е поттикнување на вработување на невработени лица во микро и мали и средни претпријатија. Преку оваа програма се вработија 2 194 лица од кои 157 беа лица со попреченост, појасни Мурати.

Најголема искористеност, тој вели дека е забележана кај обуките за развој на дигитални вештини во кои биле вклучени 400 невработени лица, при што мерката имаше 100 процентна реализација. На тој начин, Мурати додава дека невработените лица станале конкурентни и добиле вештини што во моментов се најбарани на пазарот на трудот.

– Исто така, максимална искористеност имаше и обуката за возачи за Ц и Д категорија, во која беа вклучени 50 невработени лица. Обуките за стручни квалификации и според барање на работодавците исто така имаат висок процент на реализација од 95 отсто. По завршувањето на овие обуки работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 проценти од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку шест месеци, вели директорот на Агенцијата во своето обраќање.

Преку програмата за работно ангажирање и изведување јавни работи, што обезбедува социјална вклученост на потешко вработливите лица поради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазарот на трудот преку имплементација на општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локалната самоуправа биле вклучени вкупно 725 лица.

Мурати најави дека во моментов се работи на финализирање на подготовката на новиот оперативен план во кој, како што рече, ќе бидат содржани мерки и програми што сериозно ќе влијаат за подобрување на состојбата на пазарот на трудот.

Тој додаде дека Агенцијата ќе продолжи да ја унапредува својата работа со цел да обезбеди професионални и квалитетни услуги за невработените лица и работодавачите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ