• Latest
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци

Тренчевска: Работиме на активација на секој корисник на социјална заштита на пазарот на труд

June 11, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Работиме на активација на секој корисник на социјална заштита на пазарот на труд

June 11, 2023 16:27
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на трибината „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци кажа дека власта во континуитет се грижи за сите пензионери, кои во својот работен век придонесувале и вложувале во градењето на заедничката држава, да имаат услови за достоинствени пензионерски денови и пристоен живот.

-Од 2017 година до денес просечната пензија се зголеми за рекордни 5.262 денари. Во 2017 година таа изнесуваше 13 954 денари додека денес таа изнесува 19.216 денари. Од донесувањето на новата методологија и усогласувањето кое ќе биде во септември пензиите ќе се зголемат за над 25%. Минималната пензија во 2017 година изнесуваше 8 571 денари, додека денес таа изнесува 12.493 денари. Прашањата во однос на најниската пензија, која согласно статистиката е со тенденција за нејзино постепено покачување, ќе биде предмет на разгледување во идниот период, за чие имплементирање е потребна сериозна анализа, рече Тренчевска.

Таа додаде дека вредноста на новиот Оперативен план за 2023 година е 32 милиони евра и е за 2 милиони евра повеќе од минатата година.

-Вкупен опфат на невработени лица ќе биде 18 056 лица и е за 3 371 лица или 20% поголем од минатогодишниот план. Целта е да ги поттикнеме младите и другите групи на невработени лица да се вработат и постигнат достоинствени работни места во Македонија. Особено е важно дека го зголемивме опфатот на лица со мерката Самовработување со доделување на грант на рекордни 2078 невработени лица. Исто така имајќи ја предвид атрактивноста ( посебно за младите лица) и можностите што ги нуди ИТ секторот (брзо вработување, почетна висока плата, одржливост на вработувања), оваа година за обуки за развој на напредни дигитални вештини се одвои речиси двојно повеќе средства и опфат од 805 лица (минатата година опфатот беше 424 невработени лица), истакна Тренчевска.

Министерката рече дека „гаранцијата за млади“ е мерка на која сме најгорди како држава.

-Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Во Гаранцијата за млади во 2022 година беа вклучени 20 185 млади невработени лица (10 316 жени) од кои 7419 се вработиле, а 1 287 лица биле вклучени во некоја од активните мерки за вработување имаат за цел да ја зголемуваат вработливоста на младите лица. Гордо можам да кажам дека оваа година работиме посветено на активација на секој корисник на системот на социјална заштита на пазарот на труд. Повиците од бизнис секторот за недостаток на вработени, но и бројот на лица кои се дел од системот на социјална заштита беше мотив да во партнерство со Светска Банка, но и други меѓународни партнери да започнеме со имплементација на различни видови мерки на кои крајна цел им е интеграција на пазар на труд на маргинализирани категории на граѓани, кажа Тренчевска.

Tags: СДСМСоцијална заштитаТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ