• Latest

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка преку нови законски решенија, програми и мерки

September 28, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Работиме на унапредување на положбата на жената регистрирана земјоделка преку нови законски решенија, програми и мерки

September 28, 2022 12:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Националната федерација на фармери, која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки, информираат од МТСП.

Работна група во состав на претставници на Министерство за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет-Скопје изминатиов период оддржа повеќе работни состаноци на кои беа дискутирани можните решенија за овие важни прашања. Изминатиов период, министерката на повеќе наврати разговараше и со жените регистрирани земјоделки од Берово, Неготино, Ресен и други општини.

Министерката Тренчевска истакна дека отворениот дијалог и дебата води кон изнаоѓање на заедничко решение. Притоа, се осврна на досегашните активности кои се во насока на унапредување на положбата на жените од руралните средини.

„Продолжуваме да креираме нови решенија и политики кои ќе значат дополнително унапредување на статусот  на жените од руралните средини особено на жените регистрирани земјоделки. Во новите законски решенија за работните односи и родовата еднаквост на кои во моментот работи министерството се вклучени најдобрите европски практики ,“рече Тренчевска.

Таа се осврна на фактот дека нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини.

Од Националната федерација на фармери информираа дека тие се активно вклучени и во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост, со цел поддршка на маргинализираните лица во нашето општество, со акцент на лицата со попреченост кои доаѓаат од руралните средини.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на досегашната соработка во насока на креирање на квалитетни законски решенија, програми и мерки од кои придобивка ќе имаат сите граѓани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ