• Latest

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани остануваат во фокусот на работата на Министерството, се грижиме за сите

September 22, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани остануваат во фокусот на работата на Министерството, се грижиме за сите

September 22, 2023 11:17
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на МРТВ 1, зборуваше за неколку актуелни теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Најнапред, го најави министерскиот состанок, четврти по ред по усвојувањето на „Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ“ – Познанска декларација, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

На овој настан учествуваат министрите од земјите во регионот, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Целта е да се оцени напредокот постигнат во изминатите 12 месеци, во однос на инклузијата на ромите во општеството, да се идентификуваат преостанатите предизвици и да се разговара за конкретни чекори на кои што треба да се даде приоритет во наредната година.

„Концептот едно општество за сите е концепт кој што е приоритет на оваа Влада, и во делот на инклузијата на ромите во општеството навистина сме држава која што во рамките на Западен Балкан дури и пошироко имаме одлични резултати о години наназад. Вклученоста на ромите во процесот на образование, вработувањето, а со тоа и економското зајакнување за што сме лидери во регионот, работиме и на домувањето како важно прашање за ромите една од најранливите категории на граѓани,“ истакна Тренчевска.

Министерката се осврна и на темата со пензионерите, при што истакна: „Пензионерите и квалитетот на нивниот живот е наш приоритет. Сите политики и мерки изминатиот период се во насока на обезбедување на достоинствен живот за нашата највозрасна популација. За тоа потврдува растот за 24% на пензиите за не цели две години, вклучување во антикризни мерки, воспоставување на социјални услуги-помош и нега во домот на стари лица“.

Тренчевска информираше дека, работната група продолжува да работи на конкретни краткорочни решенија како антикризни- социјални мерки и измени на законот за пензиско осигурување за одредување на повисока минимална пензија.

На тема попреченост, министерката посочи:

„ Ниту едно дете нема изгубено никакво право, доколку се процени дека навистина треба тоа право да го добие и дополнителна социјална услуга. Целта е секое дете со попреченост покрај материјалните права, да добие и бесплатна социјална услуга, од логопед, дефектолог, дневен центар, личен и образовен асистент. Во фокусот на функционалната проценка на децата со попреченост се потребите на децата. Не се поставува дијагноза туку се гледа како децата да станат пофункционални и да се интегрираат во општеството.“

Tags: МТСПранливи категорииТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ